Заради неспособност, заради тендери и провизии, заради рацете во медот на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, градскиот превоз во Скопје и ЈСП се доведени пред колапс, објави во соопштение владејачката партија СДСМ.
Во соопштението се наведува дека „наместо бесплатен превоз, Скопје е на раб да остане без градски превоз, нешто што досега не само што се нема случено, туку е незапаметено“.
Вината за овој колапс е целосно во локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје и нивната градоначалничка којашто тие ја промовираа, ја поддржаа и којашто ја избраа на чело со медарот Христијан Мицкоски. Граѓаните на Скопје не ги избраа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, ниту нивната градоначалничка да излегуваат во јавноста и да ја префрлаат вината на кој ќе им текне, туку да работат, пишува во партиското соопштение.
Тие додаваат дека „советничката група на СДСМ и коалицијата нема да дозволи неспособноста и медарството на ВМРО-ДПМНЕ да биде на штета на Скопје и скопјани“.







