Руските сили продолжуваат да го уништуваат украинското културно наследство на привремено заземените територии, соопштува Генералштабот на Украина, пренесува Укринформ.
„Напаѓачите продолжуваат да го уништуваат украинското културно наследство на привремено окупираните територии, ограбувајќи музеи и палејќи литература и учебници печатени на украински јазик“, се вели во извештајот.
Од крајот на септември 2022 година, Министерството за култура и информативна политика има документирано повеќе од 500 случаи на руски воени злосторства насочени кон украинското културно наследство.
Министерот Олександр Ткаченко изјави дека руската инвазија во Украина предизвикува сериозно уништување на цивилни објекти, вклучително и културни институции, цркви и џамии, театри и музеи, како и објекти од културно наследство. Дури и местата на светското наследство на УНЕСКО во Украина се под закана од уништување, наведува Ткаченко.
Подготви: Ј. Ѓ.