ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МНР со протесна нота до Софија: Секоја провокативна и навредлива изјава бара реакција

October 19, 2022 09:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Провокативните и навредливи изјави кон граѓаните на Република Северна Македонија кои доаѓаат од личности од политичката сфера и од институциите во Бугарија, бараат реакција, оцени вчера во Скопје словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Фајон, ја поддржа  вербалната нота на министерот Османи на најновата провокативна изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, нагласувајќи дека во слична ситуација би реагирала исто.

Станува збор за навреда кон граѓаните на Република Северна Македонија и јас бев сведок и ги осудував неговите активности и изјави. Сите тие провокации во период кога државите обезбедуваат една позитивна средина во вакви услови, ги повикувам сите пријатели во соседна Бугарија да се воздржат од несоодветни коментари кои внесуваат раздор, нерасположение и конфликти помеѓу населението, рече Фајон на новинарско прашање како го оценува однесувањето на Џамбаски, кој се обрати пред карта на голема Бугарија и упати навреди кон премиерот Димитар Ковачевски и кон македонскиот народ.

Министерот Османи најави дека Скопје ќе реагира со протесна нота до официјална Софија по повод изјавата на Џамбаски и истакна дека очекува реакција и од бугарските власти.

Ќе реагираме со нота по однос на изјавата на европратеникот како говор на омраза којшто според сите и меѓународни и билатерални договори коишто ги имаме со ЕУ е основа за да се реагира и причина да се реагира. Иако се обидувавме во овој период да го игнорираме затоа што целта на европратеникот е да ги искористи тие реакции за себепромоција, овој пат навистина ги надмина сите граници на провокација и тука мора да реагира и бугарската држава и сите бидејќи тоа се веќе територијални претензии и навредлив говор кон народ, кон етнички заедници и тоа сигурно нема да го премолчиме, рече Османи во одговор на новинарско прашање.

Во вербална нота на МНР, се изразува крајно незадоволство од неодамнешните јавни изјави на членот на Европскиот парламент и ко-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), Џамбаски, кој во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници.

Упатувајќи закани и тешки навреди, повредувајќи го достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани, г-нот Џамбаски се однесува спротивно на заложбите и стремежите изразени во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, наведува МНР во нотата.

Министерството посочува и дека соодветно на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, по ова известување, очекува државното раководство, Владата и Министерството за надворешни работи на Бугарија да го осудат и да се оградат од изјавите на Џамбаски.

Истовремено, Министерството за надворешни работи би ги ценела евентуалните активности преземени од надлежните институции на Бугарија за преземање мерки за превенција на вакви и слични однесувања, додава МНР.

Во однос на реакцијата кон копретседателот на бугарскиот тим во Историската комисија Ангел Димитров, Османи истакна дека секоја негова изјава како министер за надворешни работи е и официјална реакција на МНР, а со тоа и на државата бидејќи тој ја претставува државата. При тоа подвлече дека треба да видиме како ќе се рефлектира реакцијата понатаму, а доколку продолжат негативни трендови најави дека ќе има и други комуникации.

Планирам сите овие работи да ги отворам. Од Бугарија немам ништо, изјави Османи во одговор на новинарско прашање дали ќе побара смена на копретседателот на Историската комисија Ангел Димитров за неговите изјави од неделата.

Османи во неделата во коментар на тврдењето на Димитров дека земјава не се однесува како кандидат за членство во ЕУ, изјави дека Димитров не е политичар, туку е историчар и му препорача да се занимава со историја, а не со политика, посочувајќи дека еден од основните принципи на Договорот со Бугарија е овие две работи да бидат поделени – политиката на политичарите, а историјата на историчарите.

Во однос на информациите од дел од медиумите, дека Советот на Општина Благоевград го забранил отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и како тоа ќе се одрази на бугарските клубови во земјава, Османи изјави дека нема детали за информацијата, а штом ќе ја види ќе ја коментира.

По однос на бугарските клубови во земјава и провокативните именувања, тој го повтори ставот дека тоа е на штета воопшто на сите граѓани во Северна Македонија, но пред се, на штета на бугарската заедница.

Навистина би сакал ова ново поглавје отворено во односите со Република Бугарија, бугарската заедница да ги искористи да се етаблира, да се интегрира, да се промовира, а државата е спремна да овозможи таа интеграција и промоција на правата на граѓаните за спречување на дискриминација на кој било граѓанин по однос на етничка основа. Кој тоа ги мести со овие постапки навистина не можам да разберам. Дури на почетокот чувството ми беше дека тука е инволвирана некоја трета страна која што сака да ги киднапира односите, која што сака да и наштети на бугарската заедница. Навистина треба и да се разговара со нив за да се укаже дека провокацијата на другите народи, провокација на граѓаните, именувања коишто не се соодветни не им помага во етаблирањето и во интегрирањето на бугарската заедница овде во Северна Македонија, рече Османи.

По однос на законот за здруженија и одредбата за потреба за усогласување на веќе регистрираните здруженија согласно постоечките закони, Османи вели тоа треба од правен аспект да се види дали може да важат законски решенија ретроактивно.

 Јас не сум правник, меѓутоа потребата во рок од три месеци да се ревидираат, тоа е ретроактивно на некој начин важење на законот. Тука не можам од правен аспект да кажам. Од политички аспект ќе треба убаво да се анализира како ќе се рефлектира. Би сакал законот да важеше од денеска па натаму, нагласи министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Next Post

Годишна конференција посветена на реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk