ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Годишна конференција посветена на реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор

October 19, 2022 10:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ) денеска во Скопје ќе се одржи Годишна конференција посветена на реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор во Република Северна Македонија.

Како што соопшти организаторот на собирот, Годишната конференција е настан на високо ниво во рамките на „Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026)“, имплементирана од страна на ДЦАФ, а финансирана од Европската Унија, Швајцарија, Холандија и Шведска.

На конференцијата е најавено воведно обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери и на евроамбасадорот Дејвид Гир.

На Панелот насловен „Реформите во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија – тековни достигнувања, останати предизвици и идни приоритети“ е најавено учество на министрите за внатрешни работи и за одбрана, Оливер Спасовски и Славјанка Петровска, на претседателот на собраниската Комисијата за надзор на АНБ и АР, Љупчо Пренџов и на директорите на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и на Агенција за разузнавање, Еролд Муслиу.

Учесниците на овој панел ќе се осврнат на тековните достигнувања и останатите предизвици преку обезбедување критички размислувања за правната, политичката и институционалната рамка поврзана со реформата на разузнавачкиот и безбедносниот сектор во земјава, вклучително и Законот за следење на комуникациите и ќе дадат свое видување за клучните приоритети на кои треба да се фокусираат идните реформи во нивните сектори.

На вториот панел, пак, насловен „Интеграција во ЕУ и добро управување во разузнавачкиот и безбедносниот сектор“ ќе се обратат претседателот на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, Игор Јанушев, директорот на ОТА, Зоран Ангеловски, јавната обвинителка Спасенка Андонова, професорката на Факултетот за безбедност – Скопје, Фросина Ташевска-Ременски и Димитар Николовски од ЕВРОТИНК -Центар за европски стратегии.

На овој панел ќе стане збор за реформите од перспектива на барањата на ЕУ за членство (особено поглавјата 23 и 24), улогата на граѓанското општество во унапредувањето на реформите во разузнавањето и безбедноста и ќе се осврне на изгледите за интеграција во Унијата од безбедносен агол.

– Настанот има за цел, преку интерактивни панел дискусии, да понуди платформа за видливост, форум за дискусија и можност за запознавање со напредокот, достигнувањата и актуелните предизвици во реформските процеси во безбедносниот и разузнавачкиот сектор во Република Северна Македонија, како и барањата за поодговорен и поефективен безбедносен и разузнавачки сектор кои произлегуваат од преговорите со ЕУ, посочуваат организаторите.

На Конференцијата е најавено присуство на приближно 100 до 120 гости од земјава од различни сектори, вклучително и пратеници, собраниски персонал, претставници од Владата, МВР, МО и Армијата, судии, јавни обвинители, како и претставници на разузнавачки и безбедносни агенции, на партнери на ДЦАФ, на амбасади и меѓународни организации, на граѓански организации, медиуми и на академската заедница.

Next Post

Со зголемено производство на домашен јаглен до пониска производна цена на струјата од РЕК Битола

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk