Преостануваат уште десетина дена за поднесување иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Конкурсот на Министерството за култура е отворен до крајот на октомври, а наградата се доделува на 10 декември, „Меѓународниот ден на човековите права“. Во рамки на овој Конкурс може да се доделат најмногу две награди.
„Ги охрабруваме сите потенцијални подносители на иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ во наредните денови да достават биографија, портфолио на постигнувањата и опис на акцијата за која сметаат дека предизвикала позитивна промена во одредена област на човековите права за која се поднесува иницијативата. Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во најмалку еден (1) примерок. Адресата на којашто треба да се достават иницијативите е: Министерство за култура на Република Северна Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје, Република Северна Македонија.“, информираат надлежните за иницијативата.
Повеќе информации може да најдете на веб страната на Министерството за култура.