ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Кромберг и Шуберт започнуваат нова инвестиција од скоро 26 милиони евра во Битола

October 19, 2022 13:40
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ во Битола.

Целта на посетата беше, потпишување на нов договор за државна помош за нов инвестициски циклус на „Кромберг и Шуберт“ од 25.760.000 евра.

„Ова е веќе трет договор кој го потпишуваме во „Кромберг и Шуберт“, што значи дека производствените капацитети, инвестициите и бројот на вработени на оваа компанија во нашата земја расте. Денешната дата всушност се поклопува и со датата на отворањето на оваа фабрика тука во индустриската зона „Жабени“, за денеска да брои над 5.300 вработени“, рече Битиќи.

Тој истакна дека новата инвестиција, за која денеска се потпишава Договорот за финансиска поддршка е во вредност од 25 милиони и 760 илјади евра и ќе креира нови 1.230 вработувања во следните три години и предвидува проширување на постојните и отворање на нови производни линии со кои ќе се произведуваат делови за Ауди 4 новиот модел и Ауди 6 нова верзија „face lift“.

„За мене е исклучително важна вредноста која „Кромберг и Шуберт“ ја носи во развојот на овој регион. Во последните години правиме значителни законски измени со цел развој на сите региони во земјата, една од нив е и измената која ја направивме во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, компаниите кои вложуваат во помалку развиените региони добиваат процентуално поголема финансиска поддршка. А поддршката за компаниите расте, а особено е значајно што и во време на криза тие продолжуваат да растат и да инвестираат.

Само оваа година, преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, потпишавме нови 277 договори со компании за инвестициски циклуси во следните години. Овие 277 нови договори ќе направат инвестициски циклуси од 140 милиони евра. Целото портфолио на компании кои ги поддржуваме во нивниот развој е над 550 компании, во моментов со активни договори. Со моето доаѓање на оваа позиција во 2020 година, за прв пат и покрај ковид кризата, имавме 100% исплата на државната помош кон нашите компании, што ја потврдува нашата посветеност кон нив и нашата намера да продолжиме да ги поддржуваме.“, истакна Битиќи.

 

Next Post

Рускиот генерал Суровикин призна дека ситуацијата во јужна Украина е „многу тешка“ за руската армија

НАЈНОВО

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

Објава на Захарова, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

Скопје Air Fair во Градски парк

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk