ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Досега преку новите базни станици издадени 16.600 патни исправи за наши граѓани во странство

October 21, 2022 14:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно новиот проект од страна на МВР обезбедени се и инсталирани вкупно 11 базни станици, и тоа во Њујорк, Венеција, Брисел, Стокхолм, Љубљана, Лондон, Берн, Виена, Бон, Берлин, и Минхен, како и 5 мобилни станици. Од самиот почеток на проектот заклучно со октомври 2022 година, вкупно се издадени 16.600 патни исправи преку ДКП-ата, а само во Берлин се издадени 1.800 патни исправи.

Ова го истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој за време на работната посета во Берлин, Сојузна Република Германија, по повод учество на Самитот на министрите за внатрешни работи во рамкие на Берлинскиот процес за Западен Балкан, остварил средба со вршителот на работи во македонската Амбасада во Берлин, Сојузна Република Германија, Драган Петковски.

За време на средбата, соопштија денеска од МВР, било потенцирано дека поради големиот број наши граѓани кои живеат и работат во Сојузна Република Германија, од големо значење е базната станица за издавање на патни исправи во Берлин, која е дел од заедничкиот проект на Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи отпочнат на 01.10.2021 година, а во врска со поднесување барања за издавање на патни исправи преку дипломатско-конзуларните преставништва.

Министерот Спасовски изразил задоволство што целокупниот процес – од поднесување на барање до изготвување на патните исправи трае од 15 до 30 дена.

Ова е сериозно кратење на времетраењето на процедурите, ако се земе предвид дека досегашната постапка за издавање на пасоши просечно траеше од четири до пет месеци, со големи трошоци, а сега овозможуваме прием на барањата за патни исправи во дипломатско-конзуларните претставништва и нивно процесирање на дневна основа, со проверка на податоците во реално време, истакнал министерот Спасовски.

Министерот Спасовски потенцирал дека се намалени и гужвите на шалтерите на управните служби за време на летните месеци во Република Северна Македонија, бидејќи граѓаните истата услуга ја добиваат во конзулатите во државите во кои живеат.

Ова е уште една потврда за остварената цел – МВР да биде вистински сервис за граѓаните, да овозможиме ефикасен и економичен одговор на нивните потреби, подвлекол Спасовски.

Додал дека Министерството за внатрешни работи продолжува и понатаму со грижата за нашите граѓани во странство, со ваквите конкретни заложби, паралелно со заложбите во насока на унапредување на традиционалното пријателство и партнерство помеѓу Северна Македонија и Германија.

Next Post

Холандија е против влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната поради корупција и организиран криминал

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk