ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Со промена на мислењето за уставните измени, Мицкоски докажа дека никогаш нема конзистентен став

October 23, 2022 15:19
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со вчерашните изјави потврди дека го смени ставот и омекна по прашањето за уставните измени и внесување на делови од други народи во Преамбулата на Уставот.

Пред само три месеци, Мицкоски и неговата партија организираа протести и креираа поделби во македонското општество за преговарачката рамка на земјава за членство во ЕУ. На протестите повредени беа неколку полицајци, приведени беа млади демонстранти и најавите од опозициската партија беа дека нема да ги поддржат уставните измени. Мицкоски отиде до таму што дури и вети дека доколку еден пратеник од неговата партија гласа за уставните измени, тој лично ќе се повлече од политиката.

Сепак, неговите вчерашни изјави покажуваат дека тој веќе не е на овој став и дека доколку ЕУ даде гаранции дека членството во заедницата е возможно за Северна Македонија и дека Бугарија нема да не условува со ново вето, тогаш се можни уставните измени.

Ваквата драстична промена на ставот на Мицкоски, сепак, не е исклучок, туку повеќе е правило кога се работи за водењето политика на опозицискиот лидер.

Во текот на изминативе два месеца, тој за 180 степени го промени и ставот за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која беше промовирана и поддржана токму од него и неговата партија пред неполна година.

Помалку од една година помина од митинзите кога Мицкоски ја претставуваше Арсовска пред скопјани како најдобрата менаџерка во Европа, како жената која Скопје ќе го направи модерно. Сега, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Арсовска е најлошата градоначалничка во историјата на главниот град и бараат нејзина оставка.

Ваквото играње со ставовите и чувствата на народот на Мицкоски му се провлекува во текот на целиот негов мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој првично остро се спротивстави и на Договорот од Преспа, најавуваше дека никогаш нема да го прифати и дека штом дојде на власт веднаш ќе го промени. Сепак, неговите изјави во последните две години се со поинаков тон. Договорот од Преспа и за него и неговата партија веќе е реалност која не може да се игнорира, а евентуалното негово менување го остави за некои идни генерации.

Неконзистентен е и неговиот однос со Договорот за добрососедство со Бугарија. При неговите јавни настапи во земјава излегува со остри критики кон овој договор, но македонската јавност се сеќава како при средбата со тогашниот бугарски премиер, Бојко Борисов изјави дека тој го поддржува договорот. Дури и при посетата на претходниот бугарски премиер Кирил Петков, Мицкоски пред медиумите имаше остри ставови, дури и смислуваше какви прашања новинарите треба да му постават на бугарскиот премиер, а на средбата со Петков разговарале за градење мостови и соработка за заеднички бенефит на граѓаните.

Нејасни беа ставовите на Мицкоски и во врска со пописот. Првично тој беше против одржувањето на оваа статистичка операција, за по средбата со експремиерот Зоран Заев да се согласи да се одржи пописот во септември 2021 година, за потоа, повторно, по објавувањето на резултатите, да најавува нов попис откако ќе дојделе на власт.

Ваквиот несериозен начин на водењето на политика на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, што е своевидно продолжение на водењето политика на Никола Груевски, оди на штета на македонските граѓани и македонското општество. Со непромислени и брзи изјави Мицкоски креира поделби меѓу македонските граѓани, а потоа со драстичното менување на ставови и немањето јасен став за најважните и клучни државнички прашања, само ги кочи реформите и напредокот на државата.

Next Post
Бранко Тричковски

Амебата што ви го јаде мозокот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk