ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи-Сарацин: Стабилни партнерски односи со Германија

October 27, 2022 12:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Берлинскиот процес несомнено продолжува да биде значаен двигател на реформските процеси во нашиот Регион, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.

Како што соопштија од МНР, тој изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и најавеното потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во Регионот на самитот, што треба да се одржи на 3 ноември, во Берлин.

Османи изразил благодарност за недвосмислената поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и брифирал за тековниот скрининг, како особено значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Европската Унија.

За време на средбата, двајцата соговорници изразиле задоволство од интензивната динамика на политички дијалог меѓу двете држави, која значи градење силни и стабилни партнерски односи со Германија.

– Фактот дека Германија е наш најголем политички и економски партнер е само уште една потврда за германската посветеност и интерес за присуство во Регионот, нагласил шефот на дипломатијата Османи.

Двајцата соговорници ја истакнале важната улога на НАТО во зачувување на европската и светска  безбедност во дадениот нестабилен геополитички контекст, како и важната улога на Република Северна Македонија како земја претседавач на ОБСЕ во 2023 година.

Next Post

Костадиновска-Стојчевска: КИЦ Загреб е уште една македонска порта кон заедничките културни европски вредности

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk