ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јовановски: Механизмите кои ги имаме за справување со еко-криминалот се застарени (ВИДЕО)

October 28, 2022 17:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организираше панел дискусија на тема „Еколошки криминал – предизвик за македонското законодавство“, учесници на панелот беа Никола Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и Дарко Блинков, Раководител за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација  на работата на ДИЖС.

-Еколошки криминал претставува незаконито дејствие или чин кој штети на животната средина и предизвикува некои последици, кои последици на некој начин можат да бидат санирани или поправливи, но можат да бидат и непоправливи и тогаш станува збор за посериозни дела во животната средина. Од оние дејства кои ги кажав, како нарушување на животната средина, најчесто споменувани се загадувањето на животната средина, како воздухот, почвата, водата, деградација на живиот свет, намалување на биодиверзитетот, нарушување на еколошката рамнотежа, вели Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и додава дека како последица на еколошкиот криминал, се појавуваат болести, еколошки катастрофи.

-Како пример би ја спомнал поплавата што се случи пред некоја година во Скопје, токму заради тоа што голем дел од шумите беа сечени и се овозможи слевање на водата на обиколницата околу Град Скопје. Сведоци сме на неповратни климатски промени коишто се повеќе заземаат тема на светските форуми. Намален е животниот век на луѓето. Во Скопје знаеме дека имаме големи проблеми со загадувањето на воздухот и проблемите кои се јавуваат како последица, истакна Јовановски.

-Во однос на еколошкиот криминал, во Република Северна Македонија, може да кажеме да од механизмите кои ги имаме и од она што е споменато од Извештајот на ЕК од 2020 година, се уште имаме застарен механизам, што значи дека ние имаме механизам кој што на почетокот во самата истрага, во делот на комуникација со инспекциските служби и со МВР нема доволна координација. На тој начин каскаме зад она што се случува во Европа. Но од друга страна имавме одредби кои бараа надополнување, бидејќи генерално политиката на казнување беше блага. Најголемиот дел од делата коишто се однесуваа на загрозување на животната средина завршуваа на прекршоци, смета Јовановски.

Б. Јордановска / Цивил Медиа

Next Post

Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди американски долари

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk