Mинистерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција изјави дека и од 1 ноември граѓаните ќе имаат топлинска енергија.
Тој на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека е склучен договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите, а за подетелни информации упати на ЕСМ, јави МИА.
„Склучен е договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас. Ќе работи дополнително и ТЕТО која ќе покрива 60-70 проценти од потребите на топлинската енергија. Пропаднаа во вода кажувањата на одредени енергетски екссперти дека требаше уште пред два-три месеца да направиме договори кога цената на природниот гас беше од 3000 до 4000 евра за нормален метар кубен“, изјави Бектеши, додавајќи дека цените за набавката на природен гас се двојно пониски од овие што ги кажувале експертите.





