ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Битола започнува второто издание на Фестивалот на Малата школа на краткиот филм

October 31, 2022 10:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

 Во Битола денеска свечено ќе биде отворено второто издание на Фестивалот на малата школа на краткиот филм, вклучен во програмата за одбележување на 4-ти Ноември – денот на ослободувањето на Битола.

Организатор на фестивалот се здружението Ај Ај ВО/ МФФ Нанси, кое  веќе 18 години го организира Меѓународниот филмски фестивал во Нанси секоја година на крајот на август – почетокот на септември, додека во текот на целата година спроведува работа на едукација за филмот и средби околу киното, меѓу младата публика, пред се, за ученици од основните училишта. Фестивалот на Petite école du film court (Малата школа на краткиот филм) оваа година се очекува да пречека над илјада деца во Нанси и 192 деца во Везелис.

По втор пат и децата од Северна Македонија ќе можат да имаат корист од овој детски фестивал, особено во Битола и битолските села, со големо ангажирање на Центарот за култура на Битола, кој е коорганизатор и домаќин на фестивалот. Првото издание се одржа во 2019 година, но по пауза од две гфодини поради пандемијата со Ковид-19, второто издание се одржува годинава.

Фестивалот започнува изутринава со проекции во училиштето во село Гермијан, каде ќе се приклучат и учениците од село Бач. Потоа во 18 часот е свеченото отворање, проследено со специјална програма на краткометражни филмови наменети за деца и семејства. Потоа фестивалот ќе патува во основните училишта во Новаци и Могила, по што на крајот на неделата се враќа во Битола. 

-Овој настан е наменет за најмладите започнувајќи од забавиште се до учениците од девтто одделение. Вклулува проекции на кратки филмови, проследени со дебати. Целта е да се запознаат децата со светот на кинематографијата од друг агол од оној на платформите, социјалните мрежи и телевизијата и да им помогнеме да го развијат своето критичко размислување. Тимот на фестивалот ги придружува овие филмови, децата навистина се носат на размена на крајот од проекциите, наведуваат организаторите.

Филмовите кои се прикажуваат се внимателно селектирани од членовите на програмскиот тим на здружението за млада публика од редот на кратки филмови кои се натпреваруваат на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси: четири програми во зависност од сегментот на филмот и засегнатата возраст, кинематографските дела се меѓународни, емитувани на оригиналниот јазик и титлувани, разновидни по форма и содржина. Програмата, се наведува, е богата со емоции и откритија и тематски е прилагодена на возраста на публиката, со фестивалски сесии кои ја раздвижуваат и воодушевуваат публиката.

На крајот од секоја сесија, децата гласаат за нивниот омилен краток филм. Филмот со најмногу гласови (еден филм по селекција) ќе ја добие наградата на публиката, доделена на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси.

Сите проекции на Фестивалот на малата школа на краткиот филм се бесплатни и неговото одржување е помогнатот од двата збратимени градови Битола и Епинал од Франција.

Next Post
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Што му се случува на мојот пријател?

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk