ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

СКРМ бара вклучување во изработката на новиот закон за култура, министерката тврди дека е вклучен во процесот

November 1, 2022 12:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) реагира на процедурата со која се одвива донесувањето на Нацрт верзијата на новиот Закон за култура, алармирајќи дека не се вклучени во работните групи за негова изработка, со што, според нив, се руши добриот однос граден со години помеѓу двете страни.

Од Синдикатот истакнаа дека покрај тоа што не се вклучени во работните групи, не им е даден доволен временски простор да испратат забелешки и предлози на веќе подготвената верзија.

– Како што во 2014 година, како вработени во културата, еден ден случајно дознавме дека имаме нов Закон за културата, така и овој пат историјата речиси да се повторува: Министерството за култура изготви нова нацрт-верзија на Закон, во кој социјалниот дијалог со репрезентативните синдикати во културата го сведе на „осум дена за забелешки мислења и предлози и доколку е потребно состаноци за заедничка дискусија“. Иако партнерски, искрено и конструктивно претходно договорени дека заеднички ќе учествуваме во изработката на новиот предлог-текст, кој сите ќе нѐ засега за долги години во иднина, нашите претставници кои беа номинирани и доставени до Министерството за култура уште во месец февруари 2022 година, не беа повикани на ниту еден состанок на работната група, која е формирана во април 2022 година, изјави претседателката на Синдикатот на културата, Вера Атанасовска.

Таа додаде дека на овој начин се руши искрениот однос со Министерството граден со години.

– Во годините што следеа нашиот партнерски однос со Министерството за култура макотрпно беше граден, преку процесите на нивелација и историскиот Колективен договор, во кои активни чинители во нивната изработка постојано беа претставници на СКРМ. Наши претставници беа и дел од тимот што учествуваше во изработката на претходната предлог-верзија на Законот за јавен интерес во културата, која не помина на комисиската дебата во Собранието и според нашите информации, беше закочен со неколку илјади амандмани, порача таа.

Атанасовска соопшти дека повлекувањето на овој предлог-закон резултирал со негово ревидирање од страна на работна група формирана од Министерката за култура, која во новата верзија на законот ги отфрлила речиси сите предлози на СКРМ што биле интегрирани во претходната верзија на законот.

– И така, повторно се вративме на старата пракса, кога од трети лица дознавме дека без нас е изготвуван закон што ќе се однесува токму на нас. Ја повикуваме министерката, во знак на досегашниот коректен и партнерски однос, да провери кој и зошто инсистира на штетниот закон од 2014 и ја урива праксата на квалитетен, европски принцип на социјално партнерствово меѓу Министерството за култура и СКРМ, да го повлече овој предлог-закон и да отпочне транспарентна процедура за нов, во кој ќе бидат вклучени и претставници од репрезентативните синдикати, порача Атанасовска.

Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска од друга страна, тврди дека не е точно оти СКРМ не е вклучен во подготовката на новиот закон, нагласувајќи дека нацрт верзијата е испратена на мејл, откако била изработена во рамки на Министерството.

Нацрт верзијата за новиот Закон за култура е во изработка, не се работи за финален закон. На Синдикатот му беше испратена работната верзија на 28 октомври, по состанокот во мојот кабинет. Тоа не значи дека тие не се вклучени во изработката, туку дека нацрт верзијата се изработи прво во рамки на Министерството за култура и сега во оваа фаза на ред се да се изјаснат и Синдикатите со рок до 8 ноември. Тоа не значи дека тој рок не може да се продолжи на нивно барање, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Во однос на претходниот нацрт закон, таа рече дека тој бил заглавен долг период и дека самите синдикати изразиле потреба од донесување нов законски текст.

– Бидејќи претходниот верзија на закон беше заглавена во собраниска процедура, на состанокот што го имавме, самите синдикати ја истакнаа потребата од нова верзија за закон за култура, оти стариот не одговара на она како се развива културата денес, порача Костадиновска Стојчевска.

Next Post

„Најсреќниот човек на светот“ со три награди на филмскиот фестивал во Порторож

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk