ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

СДСМ го смени политичкото делување – наместо граѓаните да слушаат говори, функционерите слушаат нивни предлози

November 1, 2022 12:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанските трибини на СДСМ, кои деновиве се актуелни низ македонските градови, сè уште еден чекор во насока, која партија ја презеде, за менување на начинот на водење политика и преку тоа доближување до граѓаните. Иако изминатите децении сме навиканти на поинакво политичко преставување, сега наместо класични митинзи, на кои само беше важна бројката на присутни и имаше еднонасочна комуникација од функционерите кон народот, на овие трибини на владините и партиските функционери од СДСМ со граѓаните најважни се разговорите и дебатата, односно непосредно објаснување на политиките на Владата, но и поважното – слушањето на предлозите кои доаѓаат од граѓаните и нивното имплементирање во владините приоритети.

Новиот метод на делување промовиран од Димитар Ковечевски е во време на економска и енергетска криза, токму тогаш кога им е најпотребно на граѓаните да знаат дека државата е тука за нив, дека е меѓу нив, ги слуша нивните потреби и крои мерки со кои се обидува да им го олесни животот. Антикризните мерки кои Владата ги подготви за престојната зима се највисоки во регионот, а освен директната финансика поддршка на 42 илјади граѓани од ранливите категории и 330 илјади пензионери, Владата од самото нејзино формирање е посветена и на раст на платите и пензиите. Практично, владите на СДСМ уште од 2020 година откако започнаа со пакет економскте мерки во екот на пандемијата немаат престанато со финансиската помош насочена кон граѓаните. Веќе трета година економскиот владин тим, во координација со стопанските комори и синдикатите, наоѓа решенија како да им излезе во пресрет на граѓаните и компаниите.

Ако се суди според тмосферата, а со оглед на фактот дека немаме изборна кампања, тогаш е очигледно дека на граѓанските трибини преовладува оптимизам за досегашните постигнати успеси и јасниот поглед на Владата кон иднината. И покрај предупредувањата за тешката зима која претстои, сепак смирувачките зборови на владините функционери ги прават граѓаните со поголема доверба, особено кога знаат дека деновиве започнува имплементацијата на новите мерки за финансиска помош.

А што носи Ковачевски пред граѓаните кога ги повикува активно да учевствуваат во креирањето владини политики? По долги години занемарување на процесите со Брисел, Скопје конечно ги започна преговорите со Европската Унија, со заштитен јазик и идентитет, и покрај манипулациите и лагите на опозицијата дека тие се продадени и загрозени. Токму регионалната соработка и соработката со ЕУ ни помогнаа да се обезбедиме енергенси и храна за престојната зима. Овие успеси му овозможија на Ковачевски со нова енергија да се појави меѓу граѓаните, за да ги слушне нивните ставови и предлози. Уште на ова ако се дополни дека во изминатите пет години СДСМ истурка и реши уште две големи меѓународни прашања, како членството во НАТО и признавањето на МПЦ, тогаш Ковачевски нема од што да се плаши на терен, освен да ги повика сите да придонесат со свои мислења и сугестии во работата на Владата.

Во превод, нашата држава не влезе во еконосмко- енергетската криза скарана со ЕУ или со државите во регионот, туку како држава- пријател на сите во опкружувањето, па и на Брисел. На состаноците со ЕУ, со соседите, но и со останатите држави од каде што може да се обезбедат ресурси, владините претставници успеаја да договорат набавки на енергенси, проток на стоки и доволно храна за македонските граѓани оваа тешка зима да ја поминат полесно. И сега токму ова го препознаваат граѓаните и затоа сакаат да даваат и свои предлози за нивно полесно секојдневие. Не остана непрепознаена и енергијата која премиерот Ковачевски ја вложува заедно со економскиот тим, неговата постојана присутност и начинот како се борат да дојдат до храна, енергенси, пари…

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk