ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со софтверот JRODOS Северна Македонија ќе има можност сама да одредува заштита од радиолошки и нуклеарни несреќи

November 1, 2022 14:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија нема потреба да стравува од евентуални ефекти во случај на воени операции во електраната Запорожје во Украина,  можно е евентуално да има потреба само од контрола на храната или другите продукти кои доаѓаат од Украина, кои би можеле да бидат контаминирани. Овој проект ќе помогне земјавата да биде во можност да го стори тоа доколку е потребно и на тој начин да ги заштити своите граѓаните, истакна денеска проект менаџерот за имплементација на Проектот за унапредување на заштитата од зрачење во Република Северна Македонија, Бојан Томиќ.

Денеска во Скопје во организација Дирекцијата за радијациска сигурност се одржа национална вежба за справување со радиолошки и нуклеарни несреќи, со цел да се утврди на кој начин Северна Македонија може да проектира какво зрачење од Украина може да дојде тука и какви би биле ефектите од тоа.

– Цела Европа стравува ако нешто се случи во Украина, ако дојде до некакви воени операции во Украина, во самата електрана во Запорожје, често наидуваме на вести дека може да се случи и Македонија да биде на некој начин погодена. Ние овде имаме национална вежба каде што ќе провериме на кој начин Република Македонија, Дирекцијата за заштита од зрачења може да помогне во проектирањето на тоа како може зрачењето од Украина да стигне тука, односно какви ефекти би имало тоа зрачење, рече Томиќ.

На прашањето за какви ефекти станува збор, колку е тоа опасно и што треба да се знае околу тоа со оглед на тоа дека Данска и Финска купуваат јод, тој одговори дека невозможно е да се случи толкава голема несреќа со оглед на оддалеченоста, која ќе доведе до тоа на Северна Македонија да и е потребен јод.

– Но може да се јави потреба да се контролира храната која доаѓа од Украина или други продукти кои доаѓаат оттаму, кои би можеле да бидат контаминирани. Овој проект на кој што ние работиме ќе помогне тоа да се одредува. Значи во Северна Македонија вие ќе имате можност сами да одредите што може да се случи и потоа се разбира да го направите тоа што е потребно и да бидат заштитени граѓаните во земјата, изјави Томиќ.

Појасни дека станува збор за софтверот JRODOS, кој е развиен во Германија и се користи во повеќе европски земји. Додаде дека во земјава има квалификувани лица кои ќе го користат софтверот.

Директорот на Дирекцијата за радијациска сигурност, Алија Камбероски информираше дека овој проект изработен од Европската Комисија ги опфаќа сите држави во регионот на Западен Балкан.

– Ние сме првите што ќе го имплементираат овој проект и со тоа ќе ја покажеме спремноста на нашата држава, на ДРС, ИЈЗ, ЦУК, и ДЗС дека можат да се справат со такви непожелни ситуации, кога евентуално би настанале при нуклеарни хаварии, изјави Камбероски.

Додаде дека со текот на вежбите ќе има пресметки и ќе се види како тие реакции би се одвивале во текот на одредени временски периоди од еден до две недели, но, рече дека важни се и податоците, кои УХМР ги дава во однос на движењето и температурата на воздухот, како и на ветриштата.

На прашањето дали земјава има доволни капацитети, Камбероски одговори дека се работи за стручни лица и дека има недостиг на кадри со голед на фактот дека младата популација се повеќе ја напушта земјава.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјава дека од аспект на опасност од радијација земјава е безбедна исто колку што се безбедни и останатите европски земји, но информираше дека системот за рано известување е нефункционален.

Системот за рано известување односно тревожење во овој момент е нефункционален. Како ЦУК поднесовме иницијатива до европските фондови, до секторот за европски прашања да ни овозможи започнување на еден процес на реобнова на целиот овој систем. Но при какво било опасност од радијација, во овој момент можам со сигурност да тврдам дека ќе бидат благовремено известени, рече Ангелов.

Горан Трајков, советник во Дирекцијата за радијациска сигурност, изјави дека ДРС како регулаторно тело за сигурност во земјава будно ја следи состојбата во нашата држава, како и во соседните земји и во Украина и дека е во постојана комуникација со Институтот за јавно здравје.

– Можам да кажам дека граѓаните во Северна Македонија можат да бидат спокојни, будно се следи ситуацијата, а исто така добиваме редовни информации и од Меѓунардоната агенција за атомска енергија, каде што будно се следи состојбата во Украина, поточно во Нуклеарната централа Запорожје, рече Трајков.

Аналитичарот во Одделението за радијациска заштита при ИЈЗ, Зоран Велкоски, информираше дека согласно Законот за јонизирачко зрачење, ИЈЗ е овластена институција за мониторирање на радиокативноста на територијата на Северна Македонија преку автоматските мониторинг станици и преку мерењето на концентрацијата на радионуклеиди во вода, почва, воздух, врнежи и храна.

– Секако дека мора да се биде внимателен со секоја храна што се увезува, секоја храна има одредени граници во однос на присуството на одредени радионуклеиди. Најмногу страдаат земјоделските производи кои се први на удар на евентуални радионуклеиди, нагласи тој.

Next Post

Битиќи: Владата има јасен план за справување со кризата и постојана поддршка за граѓаните и компаниите

НАЈНОВО

Расте интересот за вакцинација против сезонски грип: Досега пријавени 70.000 граѓани, вакцинирани над 22.000

October 28, 2025

Бојан Кордалов за Фронтлајн: Политичките партии сè уште заробени во етничките матрици

October 28, 2025

Македонската филхармонија ќе настапи во „Музикферајн“ во Виена

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk