ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Смената на шефот на протоколот на МНР и именувањето амбасадор во Москва се два неповрзани процеси

November 1, 2022 15:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еден човек од Македонскиот дипломатски синдикат (МДС), кој фрлаше камења на Министерството за надворешни работи, кршеше стакла и држеше говори против МНР, знаејќи дека тоа е против етичкиот кодекс на дипломатијата, сега е ставен во служба и во функција на партиските агенди, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи во одговор на новинарско прашање околу тврдењето на МДС дека неговата информација оти директорот на Протоколот во МНР поднел оставка е лажна.

– Во оваа држава има демократија, меѓутоа морам да објаснам дека тоа е лажна вест. За жал тоа е еден човек од синдикатот, а не целиот синдикат, бидејќи тука има два синдиката и ние соработуваме на дневна основа, потенцира Османи.

Во однос на наводите во соопштението на МДС дека „директорот на протоколот во МНР за една недела треба да замине како амбасадор во една голема земја“, Османи потврди дека станува збор за Русија.

– Ние требаше да пратиме амбасадор во Москва некаде на почетокот на годината. Тој ги помина сите процедури, но тогаш се случи агресијата врз Украина и ние решивме да го спуштиме нивото на дипломатски односи со Русија и да не пратиме амбасадор. Бидејќи амбасадорот беше без должност, го назначив за директор на протокол и ја вршеше таа задача до сега, изјави Османи на денешната прес-конференција по средбата со неговиот казахстански колега Мухтар Тлеуберди.

Тој додаде дека дента кога за време на посетата на неговата словенечка колешка Тања Фајон на земјава, на масата каде што седеше со него наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка, шефот на протоколот го информирал оти поради морална одговорност бара да биде разрешен од позицијата.

– Дури и формулацијата му беше дека дава оставка поради морална одговорност и јас ја прифатив, бидејќи сметав дека треба да се даде порака тоа никогаш повторно да не се случи, изјави Османи, додавајќи дека овој инцидент е сосема одделено прашање од тоа за неговото „амбасадорско позиционирање во Москва“.

Шефот на дипломатија потенцира дека одлуката за тоа дали и кога ќе пратиме амбасадор во Москва ќе биде политичка во зависност од тоа дали ќе процениме дека како претседавачи со ОБСЕ, ќе треба да имаме комуникација и со Руската Федерација.

– Но, тоа не е поврзано со овој процес во функција на протоколот. Тоа ќе биде политичка проценка кога ќе пратиме амбасадор, но тоа се неповрзани два процеса. Јас имам писмена оставка од директорот на протоколот и тоа не е поврзано никако со неговото службување утре, задутре во Москва, истакна Османи.

Next Post

Борел и Јурова: Мора да престане неказнивоста на нападите врз новинарите

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk