ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Да не ја субвенционираше Владата струјата, граѓаните наместо 2.000 ќе плаќаа 5.000 денари сметки за струја

November 2, 2022 14:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако струјата на слободниот пазар за една година поскапи за речиси 400 проценти, висината на сметката кај домаќинствата во земјата со последната корекција на цените се зголеми само 9,5 процент  како резултат на мерките на Владата за покривање на загубите на ЕСМ и МЕПСО, и на тој начин на граѓаните во Буџетот им ги враќа назад на граѓаните преку 80% пониски сметки за струја со покривање на загубата на ЕСМ.

Како што објаснуваат од ЕСМ за ЦивилМедиа, ова всушност значи дека Владата дел парите на граѓаните од Буџетот му ги префрла на ова акционерско друштво што е во државна сопственост.

Со тоа, се покрива загубата на државните електрани во услови кога производната цена на струјата е околу 68 евра за мегават час. Со покриените загуби, државните електрани му ја продаваат на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, за 47 евра за мегават час.

Производната цена од 68 евра, инаку, значи дека тоа е вредноста на струјата што ја произведува ЕСМ, односно цена без добивка и без загуба.

Во пракса, ова „субвенционирање“ не значи дека парите им се префрлаат директно на граѓаните, туку дека висината на сметките на граѓаните се држат „ниски“ додека ЕВН Хоум ги снабдува граѓаните со домашна струја по ниска цена којашто Владата ја „покрива“ за висината на разликата на реалната вредност на домашно произведената струја од 68 евра.

Регулаторната комисија за енергетика за ЦивилМедиа ова го објаснува со укажувањето дека доколку Владата не ја покрива разликата во цената кон ЕСМ од 260 милиони евра на годишни ниво кон ЕСМ, и уште дополнителните околу 210 милиони евра, колку што чини втората најголема ставка во сметката за преносот и дистрибуцијата, која ги опфаќа и загубите на МЕПСО и Електродистрибуција, потенцијалниот трошок којшто би паднал на товар на граѓаните би изнесувал околу 470 милиони евра.

Тоа реално значи дека сметките на граѓаните коишто сега изнесуваат до 2000 денари во просек месечно за струја, би пораснале до 5000 денари.

Тоа е суштината на често повторуваната порака на Владата дека таа ги „субвенционира“ сметките на граѓаните со 80%.

Оттаму, според Регулаторната комисија за енергетика, доколку земјата се водеше по моделот за снабдување со електрична енергија на домаќинствата како пред кризата утврден со Законот на енергетика без да води грижа за социјалните импликации што ги донесе економската и енергетската криза, сегашните сметки на граѓаните ќе беа повисоки за речиси три пати.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Бизнисот со повик до пратениците да не се блокираат антикризните мерки – неопходни се за зачувување на работните места

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk