ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За Груевски, лидерите што зборуваат за храна биле Африканци, европски е да се зборува за мермер и бронза

November 2, 2022 14:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ана Василевска

Ана Василевска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Додека сите регионални и светски лидери стравуваат од глад и недостиг на енергенси, грчевито се борат да ја стабилизираат економијата и да обезбедат ресурси за својот народ за престојната најстрашна зима после втората светска војна, бегалецот од правдата, паднатото диктаторче од удопството на азилот во Будимпешта дури и се исмејува со сопствениот народ. На пастирот од Пешта му е смешно кога премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе има доволно храна и струја во Македонија. Во обид да биде малициозен, во фејсбук статус го нарекува премиер на Етиопија или Африка.

Со оваа аналогија сосема јасно го исмејува „својот“ народ. Се потсмева и со пакетот антикризни мерки. Веројатно е дека и тој е еден од оние што ја држат „диригентската палка“, па од неговото топло засолниште покрај убавиот син Дунав, им го одржува тактот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го кочат гласањето на мерките за справување со кризата. А „неговиот“ народ ќе трпи последици и ќе плука по власта, додека тој задоволно ќе титка статуси и ќе врти бизниси со своите компањони од ист ков.

Му пречи и договорот ФРОНТЕКС и гаранциите за македонскиот јазик. Секако, многу „се грижи“ и за јазикот. Освен стотината погрдни зборови што служат за дивеење по коментари на неговите поддржувачи на социјалните мрежи, јазикот за друго нешто и не му е потребен.

Октомври беше посебно инспиративен за поранешниот лидер на ДПМНЕ со честитки за националните празници. Се расфрла со цитати на соијалните мрежи и тоа ни помалку ни повеќе, за 23 Октомври,  го одбрал Фридрих Ниче: “Тоа што не нѐ убива, нѐ прави посилни“. Којзнае што сакал да каже, правејќи се мудар и начитан, но за него соодветен е само оној цитат на неговиот италијански имењак Николо Макијавели: „Целта ги оправдува средствата.“

Пустошот што го остави зад себе нема да може да се расчисти уште долго време. Само со милијардите фрлени за бронзата и мермерот од мегаломанскиот проект за антиквизација „Скопје 2014“, чии пукнатини и отпад ќе ни бидат вечен споменик за најцрните времиња од поновата историја на Македонија, ќе можевме да ја амортизираме актуелната економска криза.

На сета криза, сега мора да се грижиме и за одржување на веќе полураспаднати објекти,  за осветлувањето на МНТ на пример, за одржување на фасадите, за заштита на Архивот од поплави, последица од архитектонско-градежните кражби и со години да ги прескокнуваме оние канделабри од ковано железо легнати пред белиот дворец на најбогатата партија во Европа. Ова е само капка во морето од штетни инвестиции каде што беа фрлени парите на граѓаните во единаесетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Јасна беше неговата цел и тогаш и сега, како да стигне до посакуваниот трон, не бирајќи „оправдани“ средства дури и ако треба да се жртвува секоја демократска мисла и да се шират демагогии и страв, во онаа количина со која пропорционално му растат банкарските сметки.

Е, тоа е таа Африка и Етиопија, каде што за огромна жал сѐ уште постојат примитивни племенски владетели кои манипулираат со симболите на племето, а тоа задоволно скандира додека страда за храна и вода.

И во контекст на „умниот“ цитат за Денот на револуционерната борба, веројатно е сведен дека голем дел од јавноста не е убиена, иако тој со сите сили и црни пари се обидува тоа да го стори. Напротив, македонското општество чекори по европскиот пат.

Храна и струја ќе има, ако имаме среќа да попуштат блокадите во Собранието и, ако барем еднаш, ВМРО-ДПМНЕ помисли на „својот народ“, а не на сопствениот задник и политичките математики.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Next Post

Предлог буџет за 2023: Раст на економијата од 2,9 и инфлација од 7,1 проценти

НАЈНОВО

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

Албанија се опремува со напредно израелско оружје

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk