ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК го отфрли барањето од дополнителната заменик-министерка за финансии

Државната изборна комисија (ДИК) денеска по расправата за барањето од дополнителниот заменик-министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска едногласно утврди дека решенијата за избор за унапредување административен службеник од трети јануари годинава за кои се бара да се произнесе ДИК не претставуваат акти или документи кои се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите од член 46, став 3 од Законот за Влада.

January 31, 2020 17:25
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) денеска по расправата за барањето од дополнителниот заменик-министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска едногласно утврди дека решенијата за избор за унапредување административен службеник од трети јануари годинава за кои се бара да се произнесе ДИК не претставуваат акти или документи кои се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите од член 46, став 3 од Законот за Влада.

Одлуката на ДИК  во однос на решенијата  бр. 04 -332/1 заклучно со број 04-332/20, е конечна, потенцираше претседателот на ДИК Оливер Деркоски.

Во расправата членовите на ДИК имаа спротивставени размислувања. За Борис Кондарко барањето на дополнителниот заменик-министер за финансии се однесува на две прашања – дали одлуките потпишани од државниот секретар во Министерството за финансии се законски и дали тие се во правна сила.

– Согласно одредбите на Законот за Влада, за да можеме да постапуваме, сметам дека ние немаме доказ дека таму е постапено од страна на подносителот на барањето согласно член 46, став 4. И исто така за временскиот период за кој се однесуваат овие одлуки, а тоа е трети јануари оваа година што кореспондира со изборот на техничката Влада, па затоа не сум сигурен дека на тој датум подносителот на барањето воопшто е формално стапена на функцијата, рече Кондарко. Посочи дека ДИК ниту според Изборниот законик, ниту според Законот за Влада, никаде не е овластен да цени законитост на управни акти, тоа, како што рече, се прави во други институции и процедура.

Елизабета Постоловска се повика на членот 48 од Законот за Влада во кој, како што рече, изречно се наведува дека само во случаи на несогласуавања меѓу министерот и дополнителниот заменик-министер надлежни сме да одлучуваме само за прашања кои се поврзани со организација за избори, а не да ја цениме и законитоста и содржината на самите конкретни акти.

Претседателот на ДИК рече дека покрај аргументите од неговите колеги, има уште еден процедурален аргумент – датумот на носење на ова решение е трети јануари 2020. Образложи дека тоа е датум кога се избра техничката Влада и истиот ден дополнителните заменици-министри не беа стапени на функција.

Next Post

Ангеловска: Со влезот во НАТО, Црна Гора имала раст од 147% на странски инвестиции

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk