ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Саморасплакани опозиционери

November 7, 2022 10:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ме критикуваат зошто премногу ги напаѓам „опозиционите“ партии (и нивните „актери“), а премалку Ковачевски, што за мене претставува еден од веродостојните индикатори до која мера ескалира „семакедонското“ слепило за минатото, и до која мера ескалира панмакедонската терминолошка конфузија за која, рака на срце, едно време и самиот бев подложен.

Имено, сакаат да ми кажат дека за „да се биде опозиција“ – тоа било априори вредносна, па дури и „цивилизациска“ одредница, а не позиција во политичкиот систем. Дури, внимавајте на лудилото, ако во оваа земја се најдеш во опозиција – без разлика какви срања си правел додека си бил на власт или со властa – моментално се претвараш во морална грамада, во маченик за вистината, во недолжна жртва од бесконечната серија на македонските тирани (a човек на човека е што, ценет публикуме?).

Доколку на некој од опозиционерите (по потреба) или на некој негов симпатизер (од користољубие) му „оплајпичиш“ – дека Ковачевски, а претходно и Заев, изникнаа од купиштата ѓубре кои го направија денешните самовиктимизирани и саморасплакани опозиционери, веднаш ќе те погледнат попреку со оној нивен универзален, жален, и разлигавен (пан)македонски поглед, мешавина од бес, презир и „ко бајаги“ длабоко разочарување, со кое веројатно (од далечина) ме гледаат и останатите кои, еднаш, во една кафана, во доцни саати, им реков дека „патриотите кога мислат за политика, најчесто мислат со задникот“. Дури, ако добро се присеќавам, истата вечер им реков дека и во иднина тоа ќе го прават; што значи ќе зборуваат и мислат од задникот.

Не помина многу време, гледам дека сум бил пророчки во право. Да, патриотите зборуваат со задникот. Поточно, тие зборуваат на уста, ама мисловните процеси се создаваат во нивниот задник, пренесено во зборови, во областите на душата која им е подложна на инстикти на самоодржување и стихии создадени од амбиција на ниски страсти.

Ајде, малку да ја прошириме приказната: секаде во светот е така, а поинаку не може да биде, иако постојат места, посебно во англо-саксонскиот свет, во кој базичните инстикти благовремено – во минатите времиња со религиозно воспитување, потоа стриктно применување на световните закони (понекогаш богами и со пендрек) – со кои лудилата подложат на каква-таква контрола, додека пак на Балканот, а лудилото ја зафати и Македонија, таквите инстикти најдоа „сигурна куќа“ во големо-националистички идеи, од кајшто делуваат многу порозно отколку што вродената човечка себичност и личните интереси ќе се легитимираат, ама истовремено и ќе се ограничат.

Така се работи во општества кои ги претставуваат слободни граѓани, а тоа не може да се направи во племенски заедници во кои цивилизациската супериорност се заснова на (непроверениот) факт дека припадниците на некоја група – или партија – редовно ги мијат забите и го посакуваат приемот во Европската унија, и наместо во Заедница на независни народи, во кои ниту оние кои јавно посакуваат и повикуваат на онаа растурена флоскула дека „сите тие се исти“. Не се овде сите исти, многу се различни, ама (во целина) сите ги следат истите, хаварисани и раскурцани матрици.

Опозиционото расположение како посакуван морален став, тоа во нашите политички „дрндања“ – последниве триесет години – значи да бидеш против власта, а за мене, да се биде опозиционер значи да бидеш не против власта, туку да бидеш против националистите.

Сите други „фелери“ се манипулација, создадени од лажни „граѓански“ здруженија кои се обединуваат со националистичкиот блок. Едноставно речено, човек кој со националиста ќе влезе „во дил“, ако за тој човек претпоставиме дека е демократ со изразит демократски бон-тон, нужно ги губи своите претходни својства, за разлика од националистот кој останува ист.

Нашиот проблем, меѓутоа, е заеднички. Како што јас не сакам да бидам уценет од лошо владеење, така и опозицонер не значи дека е морална грамада. Знаеме што правеа до вчера, знаеме колку пари испаљачкаа, знаеме каква тиранија воведоа, а знаеме и што денес прават со градот Скопје.

Опозиционер нема сертификат на моралност, ниту има моралност во политика. Добро, нема моралност ниту во црква, ама тоа е некоја друга тема. Претерав со карактери. Се читаме во следниот текст.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Next Post

Британско МО: Загубите на руското воено воздухопловство ги надминуваат производните капацитети на индустријата

НАЈНОВО

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk