ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Макрадули: РДФ не е опасен отпад, со забрани не се решаваат работите

Со забрана не се решаваат работите во животната средина, туку со регулирање и мониторирање и со интегрирана акција базирана на наука. Ова не е решение, ова е само популизам, рече заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули во однос на барањето итно да се изласа закон за забрана на увоз на отпад што се користи како гориво. Предлогот го достави ДОМ, а активисти од движењето „Петоци за иднината“ денеска протестираа барајќи тој да се стави на дневен ред во Собранието

January 31, 2020 20:29
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со забрана не се решаваат работите во животната средина, туку со регулирање и мониторирање и со интегрирана акција базирана на наука. Ова не е решение, ова е само популизам, рече заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули во однос на барањето итно да се изласа закон за забрана на увоз на отпад што се користи како гориво. Предлогот го достави ДОМ, а активисти од движењето „Петоци за иднината“ денеска протестираа барајќи тој да се стави на дневен ред во Собранието.

Во гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 Макрадули рече дека РДФ што Цементарницата Усје го користи како енергенс не е опасен отпад и не е извор на аерозагадувањето како што се тврди.

-РДФ-от е неопасен отпад кој се добива од различни комбинации на отпад – комунален, индустриски, од текстил, од калта од пречистителни станици… Тие хемиски се обработуваат и се создава алтернативно гориво. Добро е државата да има свој погон што ќе произведува РДФ за да може да го контролира уште повеќе и посигурно. Тоа требаше да го направи Дрисла. За жал, тие не го исполнија договорот и една од обврските за да може од отпадот што го имаме да не се создаваат купишта, туку да се преработи и тој отпад да го нема, рече Макрадули.

Според него, неточни се тврдењата дека е забранет во ЕУ и посочи дека во цементарниците во Шведска и Норвешка РДФ се користи 60-70 отсто.

-Во Србија е забрането, но не и во Хрватска, Чешка и во Албанија како што велат, рече заменик-министерот. Додаде дека е лицемерно што протестите ги поддржуваат и пратеници од опозицијата затоа што дозволата за да користи РДФ-отпад Цементарница Усје ја добила токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога МЖСПП им одобрило да увезат 25 илјади тони.

Дозвола за увоз на отпад кој се користи како енергенс имаат цементарницата Усје и ФЕНИ, но минатата година неа ја искористила само Усје. Во 2019 година, како што соопшти Макрадули, Цементарницата увезла 5000 тони РДФ.

Во врска со издвојувањето на камионите на Царина во Гевгелија од кои се земени примероци на отпад не е прв случај и дека Државниот инспекторат за животна средина и другпат правел вонредни контроли. Резултатите од примероците пратени на испитување во лабораторија во Естонија се чекаат за десетина дена.

Макрадули е категоричен дека најголем загадувач на воздухот е затоплувањето во домаќинствата и во јавните институции кои се  греат на нафта, мазут и јаглен или со штетни материи како гуми. Единствено решение за намалување на штетните емисии и ПМ-честички, рече, е промената на начинот на греење и поврзување на гас или на топловодни мрежи.

Next Post

„Њујорк тајмс“: Трамп дал инструкции за притисок врз Киев два месеци пред телефонскиот повик со Зеленски

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk