ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со изговори за да ја оправда постапката ВМРО-ДПМНЕ ја „искина“ и поканата да учествува во дијалогот „Жан Моне“ во Собранието

November 9, 2022 10:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Како што во јули оваа година пред очите на јавноста го кинеа „францускиот договор“, така и сега пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со изговори за да ја оправдаат постапката оваа партија ја „искина“ и поканата да учествува во дијалогот „Жан Моне“ во Собранието.

Да потсетиме, после подолго натегање со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и со врвот на партијата, „Жан Моне“ дијалогот на почетокот на 2020 година беше за кратко „откочен“ и на дневен ред ги стави предлозите за внатрешна реформа на Собранието за кои беше договорено да се подготват и спроведат без понатамошно одлагање.

Со предложените реформи се опфатени измените на деловникот за работа, вклучително за секоја наредна конститутивна седница, зајакнување на системот за надзор врз Владата, начинот на организирање и водење на jавните расправи, собранискиот календар и постапките за законите со европското знаменце.

Ова се најважните реформски зафати за нова, подобра и поефикасна функционалност на законодавниот дом на кој цело време инсистира ВМРО-ДПМНЕ, а, како што гледаме, избегнува да ги заврши за да започне нивното спроведување.

Тоа значи само едно. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја спроведува „активната блокада“ на Собранието и од тоа прави партиски пи-ар.

Ова е сосема спротивно на сите укажувања, вклучувајќи ги и препораките во Извештајот на Европската Комисија за нашата земја за 2022 дека опозицијата треба конструктивно да соработува во Собранието и на тој начин сите партии од актуелниот парламентарен состав да се фокусираат на конкретни чекори парламентот да биде главен форум за политички дијалог.

Во таа насока Собранието, како локација, беше избрано и за лидерска средба на иницијатива на Владата, но ВМРО-ДПМНЕ и тој форум го искористи повторно за партиски лидер и за ултиматуми дијалогот да продолжи само со согласност за предвремени избори што подразбира распуштање на парламентот, што, пак, дополнително го „растегнува“ времетраењето на кризата.

И наместо сите напори треба да бидат насочени кон спроведување на итните анти-кризни мерки со фокус на конкретни чекори во преговарачкиот процес, вклучително и преку унапредување на реформите поврзани со ЕУ во интерес на граѓаните, неодговорното однесување на опозицијата само ја продлабочува политичката поларизација.

Дури и како арогантни можат да се оценат „оправдувањата“ на ВМРО-ДПМНЕ, преку координаторот на нивната пратеничка група кога за една од претходните одложени сесии на „Жан Моне“ отсуството на овој важен дијалог го оправда дека имал тридневен настан на извршниот комитет на партијата во Охрид на којшто и тој присуствувал.

Извор: Цивил Медиа

Next Post

Досудена првата затворска казна за ширење лажни вести во Шпанија

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk