ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промовирана Националната рурална мрежа, зачленувањето е доброволно и бесплатно

November 9, 2022 12:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заедничко креирање на политиките за рурален развој и поголема информираност околу мерките за добивање финансиска поддршка, како и за работата на институциите, поттикнување на иновациите во земјоделството и во производството на храна, но и зголемена одржливост на активностите во руралните средини и заедници, се само некои од целите на Националната рурална мрежа што од денеска и официјално почна да функционира.

Оваа веб платформа ќе дејствува во сите подрачја низ земјава, а целта е да го подобри квалитетот на животот на секој поединец преку иницирање и воспоставување соработка и партнерства. Креирана е по европски терк, а зачленувањето е бесплатно. Член може да стане секој што има желба и интерес, независно дали е е физичко лице, производител, фирма, институција,…

Како што беше речено на промоцијата, мрежата е законска обврска од 2012 година и денес, конечно, по 10 години се става во функција.

За 20-на дена се очекува Националната рурална мрежа да има околу 1 000 членови.

– Конечно, со донесувањето на подзаконските акти, го ставаме во функција и овој механизам кој ќе овозможи уште поголемо вклучување на сите чинители во креирање, реорганизација и трансформација на политиките, но и во ширење на инмформациите. Мрежата ќе овозможи и едукација, а за да се стане нејзин член, доволно е да се отиде само на нејзината веб страница, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој се осврна на мерките за поддршка, нагласувајќи уште еднаш дека руралниот развој во земјава е исклучително битен. Како што напомена, во друг сектор може да се скрати, но во руралниот развој не.

-Во Програматза рурален равзој е креирана нова мерка – бизнис план во земјоделството. Апликантите ќе кажуваат за што им се потребни средствата на отворен повик преку целата година, рече Николовски.

Детали за Националната рурална мрежа и нејзиното функционирање соопшти државниот советник во МЗШВ Трајан Димковски. Подолгрочена цел, потенцира Димковски, е оваа мерка да се акредириа преку ИПАРД програмите.

Зачленувањето е отворено. Во Мрежата може да се вклучи секој што е заинтересиран, што сака да е во тек и да се вклучи во земјоделските активности и да придонесе во креирање на политиките,   независно дали е физичко лице, производител, фирма, институција, земјоделска задруга, образовна институција,… Членството е доброволно и бесплатно, истакна Димковски.

Веб страницата на Националната рурална мрежа е http://nmrr.mk/. 

Next Post

Додека Арсовска и Славески се „тепаат“ за микрофонот, скопјани се „тепаат“ за воздух, утрово рекордна загаденост

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk