ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тупанчески: После 26 години добиваме нов и модерен Кривичен законик со кој ќе се подигне правната сигурност на граѓаните

November 10, 2022 12:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје  организираше стручна расправа за предлогот на новиот Кривичен законик, известуваат од Министерството за правда.

„Процесот на изработка на нацртот на Кривичниот законик го започнав како професор по казнено право – член на работната група, а го завршувам како министер за правда. Законите не може да бидат алатка на политиката, туку рамки и граници за легитимното политичко дејствување, а казненото право како ultima ratio и највисок степен на заштита треба да биде крајната граница преку која не смее да премине никој”, рече во своето обраќање министерот за правда Никола Тупанчески.

Нацртот на новиот Кривичен законик, како што нагласи министерот, беше објавен на сајтот на Електронскиот национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) уште на почетокот на јули оваа година. Поминаа повеќе од четири месеци во кои секој имаше можност да се запознае со нацртот и да го достави своето мислење и предлог. Беа добиени голем број на мислења, коментари и предлози кои внимателно беа разгледани и сѐ уште се разгледуваат од страна на работната група, нагласуваат од Министерството за правда.

„Целта на министерството за правда е да добиеме нов, модерен, кодифициран акт – нов Кривичен законик во кој ќе бидат инкорпорирани сите решенија и стандарди од релеватните меѓународни инстументи со кој ќе се подигне правната сигурност на граѓаните, а на практичарите ќе им биде олеснета примената на неговите одредби во функција на ефикасно правораздавање. Во подготовката на законикот учествуваа и одреден број на странски експрети кои повремено се вклучуваа во дискусиите, зависно од темата, а исклучително корисни беа и мислењата кои беа доставени по предлог – одредбите од истакнатеи германски професори и практичари од сферата на казненото право што беше овозможено од страна на Германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ. Значаен придонес дадоа и претставниците на другите министерства, агенции, управи, финансиски институции и други, кои на покана на министерството за правда учествуваа на состаноците посветени на казнено-правни прашања поврзани со сферата во која се надлежни“, истакнуваат од Министерството за правда.

Next Post

Тренчевска: Обезбедувањето можности за вработување и создавање перспектива за сите граѓани е обврска на Владата

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk