ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фондацијата Отворено општество преку економски оператор ќе инсталира фотоволтаични соларни системи на пет училишта во Делчево, Валандово, Чучер Сандево и Центар Жупа

November 10, 2022 14:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), Фани Каранфилова-Пановска потпиша договори за соработка со градоначалниците на општините Делчево – Горан Трајковски, Валандово – Перо Костадинов, Чучер Сандево – Сашко Комненовиќ и Центар Жупа – Аријан Ибраим. Со потпишувањето на овие договори Фондацијата Отворено општество – Македонија се обврза преку избран економски оператор да инсталира фотоволтаични соларни системи на пет училишни објекти, а општините се обврзаа да го преземат одржувањето на инсталираните системи, со што ќе бидат задоволени потребите за електрична енергија на овие училишта во кои настава посетуваат вкупно 1300 ученици, информираат од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Како што истакнуваат, Фондацијата Отворено општество – Маекедонија, во текот на 2022 година, реализираше посети на повеќе локации во државата со цел да се идентификуваат училишта во помали населени места, рурални и урбани, во кои постојат соодветни технички можности за изведување и инсталација на фотоволтаични соларни системи. По што, ФООМ од сопствени средства и како дел од регионалната иницијатива спроведувана и во Албанија, Србија и Косово, ги избра четирите општини –  Делчево, Валандово, Чучер Сандево и Центар Жупа – за реализација на донацијата.

„Пет училишни објекти од кои два средношколски училишни центри – СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово и СОУ „Методи Митевски Брицо“ во Делчево, и три основни училишта во рурални подрачја – ООУ „Страшо Пинџур“ – село Јосифово, Валандово, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – село Кучевиште, Чучер Сандево и ООУ „Неџати Зекирија“ – село Новак во Центар Жупа, се дел од овој проект“, нагласуваат од ФООМ.

Целта на проектот е да се ​​овозможи искористувањето на сончевата енергија и рационално користење на енергијата во пилот-училиштата со што ќе се поддржи еколошката транзиција на институциите, а истовремено ќе се стреми кон создавање т.н. зелени училишта преку едукација и вклученост на учениците и вработените за подобрена енергетска ефикасност, потенцираат од Фондацијата.

 

Next Post

Стопанската комора ја поздравува владината одлука за субвенционирање на струјата и во месната индустрија

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk