ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски на Првиот национален саем за храна и пијалаци: Зголемено производство на домашна храна е приоритет, нашата храна и вино се нашето најголемо богатство

November 12, 2022 19:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на Првиот национален саем за храна и пијалаци – „Вкуси ја традицијата“ во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и „Слоу Фуд“ Македонија. Првпат се организира Саем од ваков обем со учество на 40 здруженија и над 200 изложувачи на вкусна храна и пијалаци.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека Владата силно ги поддржува овие манифестации, а целта е една, заедно да го презентираме богатството на вкусови на најголемиот настан кај нас, посветен на македонското земјоделство и гастрономијата.

Ова е вистинската слика за тоа што значи оваа наша македонска земја. Богатство на вкусови, мириси, бои, богатство за сите сетила. Затоа и манифестации како оваа посветени на македонското земјоделство и гастрономијата, кои ја имаат мојата и владината поддршка, се многу важни. Ние сме најсончевата земја, ја имаме таа среќа цели 280 денови во годината оваа земја да се грее на топлото јужно сонце. Сонце под кое растат многу специфични, автохтони македонски сорти грозје, од кое се прави најубавото македонско вино. Сето ова кое денес го гледаме и кое ќе имаме можност да го вкусиме, сето ова ние имаме неверојатна можност да ни е секојдневие, и за тоа сме исклучително благодарни. Јас знам, дека јас сум благодарен. Ова богатство го нема никаде на друго место. Затоа денес ние гордо можеме да кажеме дека ова не е само чаша вино, или само јаболко, или само пита или само сирење. Ова пред нас е посветената работа на сите искусни производители, ова е љубов кон земјата, љубов кон работата, ова е вкусот на животот и вкусот на традицијата, истакна Ковачевски, нагласувајќи дека со низа мерки, субвенции и програми се мотивираат земјоделците да произведат повеќе храна.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски во своето обраќање ја истакна важноста на саемот.

Би сакал преку денешниов саем – „Вкуси ја традицијата“, да ја испратам клучната порака, да ја почитуваме храната, да си ја чуваме традицијата наследена од нашите баби и дедовци, бидејќи таа е најголем доказ дека овде векувал народ кој со генерации ја пренесувал убавината и радоста на животот. Искрено посакувам, овој саем да има одржливост низ годините, да се развие во култен настан кој ќе ја слави македонската храна и традиција и да прерасне во долгогодишен проект, додаде Николовски.

Николче Николовски претставник на „Слоу Фуд“ Македонија рече дека овој Саем треба да прерасне во традиција.

Денешниов ден е историски ден за организациите и здруженијата кои работат во областа на земјоделството и производството на храна и за малите производители кои првпат, здружени заедно, ги презентираат автентичните вкусови на македонското земјоделство и гастрономија. Овој настан е почетна точка во здружените напори да се зачуваат традициите, бројните автентични производи и рецепти, како и руралните средини во кои произведуваат малите производители, изјави Николовски.

Next Post

Спасовски: МВР работи со целиот потенцијал, заедно со нашите меѓународни партнери, за откривање на дојавувачите за бомби

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk