ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

По деокупацијата на Херсон, Зеленски вети дека ќе ги истера руските сили од Украина

November 13, 2022 14:34
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Жителите на Херсон го слават ослободувањето, но градот е пред хуманитарна катастрофа оти нема струја, вода, храна и лекови. (Фото: АП)

Жителите на Херсон го слават ослободувањето, но градот е пред хуманитарна катастрофа оти нема струја, вода, храна и лекови. (Фото: АП)

Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Зеленски даде ветување дека ќе се бори да ги истера руските сили од неговата земја откако тие се повлекоа од Херсон, оставајќи зад себе пустош, глад и мински стапици во градот. Руското повлекување од Херсон означи триумфална пресвртница во возвраќањето на Украина против инвазијата на Москва што почна пред речиси девет месеци. Жителите на Херсон ги гушкаа и бакнуваа украинските војници кои пристигнуваа како ослободители.

„Ќе видиме уште многу такви поздрави на украинските војници кои ја ослободуваат територијата под контрола на Русија“, рече синоќа претседателот Володимир Зеленски во ноќното видеообраќање и им вети на луѓето во украинските градови и села кои сè уште се под окупација: „Ние никого не забораваме; нема да оставиме никого“.

Повторното преземање на Херсон од Украина беше значаен неуспех за Кремљ и последен во серијата срамови на бојното поле. Тоа се случи шест недели откако рускиот претседател Владимир Путин го анектираше регионот Херсон и три други провинции во јужна и источна Украина – со што го прекрши меѓународното право – и ги прогласи за руска територија.

Амбасадата на САД во Киев денеска ги објави коментарите на Твитер на советникот за национална безбедност Џејк Саливан, кој го опиша пресвртот во Херсон како „извонредна победа“ за Украина и „прилично извонредна работа“.

Пресвртот дојде и покрај неодамнешната делумна мобилизација на резервисти од Путин, зголемувајќи го бројот на достапни војници за околу 300.000. За руската војска тоа беше тешко да се изведе.

„Руското воено раководство се обидува и во голема мера не успева да интегрира борбени сили извлечени од многу различни организации и од многу различни типови и нивоа на вештина и опрема во покохезивна борбена сила во Украина“, вели Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон, тинк-тенк кој го следи конфликтот.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас рече дека Кремљ ќе биде загрижен од загубата на Херсон, но предупреди да не се потценува Москва. „Ако им треба повеќе топовско месо, тоа е она што ќе го направат“, рече тој.

Возејќи кон Херсон од регионот на Миколаив, новинарите на АП видоа срушени електрични водови, користени чаури од проектили и распаднат труп на крава. Неколку уништени тенкови се наредени по калливиот пат.

Додека украинските сили денеска ја зацврстуваа контролата врз Херсон, властите размислуваа за застрашувачката задача да ги исчистат експлозивните направи и да ги обноват основните јавни услуги во градот. Еден украински функционер ја опиша ситуацијата во Херсон како „хуманитарна катастрофа“. На преостанатите жители во градот им недостасува вода, лекови и храна. Има недостиг од клучните основни работи како што е лебот поради недостиг на струја.

Украинската полиција ги повика жителите да помогнат во идентификувањето на соработниците на руските сили за време на осуммесечната окупација. Украинските полицајци вчера се вратија во градот, заедно со јавните радиодифузни сервиси, по заминувањето на руските војници. Началникот на националната полиција на Украина, Ихор Клименко, вчера на Фејсбук објави дека околу 200 полицајци работат во градот, поставувајќи контролни пунктови и документирајќи докази за можни воени злосторства.

 

Next Post

Арсовска заборава дека е градоначалничка на Скопје, 13 ноември не и значи ништо

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk