ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицкоски ја кажа вистината за ВМРО-ДПМНЕ

November 13, 2022 19:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија може да здивне за својата европска иднина. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја кажа вистината за неговата партија соопштувајќи ја гаранцијата за добрососедство со Бугарија што ќе го отвори патот за непречени преговори со ЕУ и брзо членство во европското семејство. Доволни беа две  реченици на наводниот иден премиер и да се решат сите пречки во односите меѓу двете држави: „Ванчо Михајлов е дел од историјата на ВМРО ДПМНЕ. Тоа не значи дека ние сме се сложиле со тие политики, но тоа е еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено и тој континуитет треба да се почитува“.

И што има тука што не е точно. Од збор до збор сѐ си е на своето место, кажано јасно и гласно, освен дилемата дека тоа не значи дека се сложиле со тие политики. Но, треба да се почитува. Ами како. Изненадени, загрижени, разочарани и лути се само тие што ова не го знаеја и не веруваа. Ние што ова го знаеме одамна за континуитетот на Ванчо Михајлов и на ВМРО-ДПМНЕ можеме да му честитаме за нападот на искреност и големата храброст што Мицкоски ги кажа своите и партиски планови и погледи како што рече со почит кон минатото „да се задржиме на денешницата и да гледаме кон  иднината на Македонија“. Изненадени сме малку само од фактот колку многу луѓе му верувале на Мицкоски за патриотизмот  на  ВМРО-ДПМНЕ и за опасноста од „бугаризација и асимилација“ на македонскиот народ во сопствената држава.

Останува само уште еден чекор кон историската цел што побрзо да се одржат предвремени парламентарни избори за веднаш по големата победа на ВМРО-ДПМНЕ да дојде до целосна реализација на тој почитуван континуитет и наследство кој револуционерната партија никогаш не само што не го проблематизирала, туку го ставила во темелите на своето оснивање и делување.

А, колку партиските идеолози не се согласувале со тие политики на Михајлов јасно се гледа што го воздигнаа на висок пиедестал  во македонскиот  пантеон, како го нарекуваат Музејот на македонската борба за слобода и на жрвите од комунизмот додавајќи му цели 20  сантиметри повеќе во висината над природната величина на восочната фигура на македоноубиецот Ванчо Михајлов. Каде и без преправање на учебниците  учениците одат на историски час. Се разбира, и на задолжителана причест и бакнување на неговата рака во родниот му град Штип.

Во големо исчекување сум на реакциите на оние академски корисни будали и коцаревци кои молчеа кога по втор пат се убиваа жрвите на долгата рака на ВМРО со континутетот на ДПМНЕ. Молчеа и кога се менуваа имињата на улиците на народните херои и кога се кршеа во пармпарчиња нивните бисти и споменици. Молчеа и кога преживеаните борци од НОБ ги избркаа од нивните простории и кога тие со солзи во очите маршираа во знак на протест на скопскиот плоштад. Молчеа и кога таткото на литературниот јазик го нарекуваа Коневиќ и џуџето од Небрегово, за сега како папагали да ги повторуваат зборовите на партискиот лидер за опасноста од бугаризација и асимилација, за предавствата и велепредавствата, за менување на историјата, за бугарските клубови, особено на оној посветен на човекот со политиките на почит. После ова секое нивно лелекање за големите опасности треба да оди на вистинската адреса. Инаку ќе служат за потсмев. Така е тоа секогаш  кога науката влетува во дневно-партиска политика.

ЕРОЛ РИЗАОВ

Извор: Независен

Next Post

ЗНМ: Миленко Неделковски го изгуби судскиот спор против Секуловска, Србиновски и Пировска

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk