ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЗНМ: Миленко Неделковски го изгуби судскиот спор против Секуловска, Србиновски и Пировска

November 13, 2022 19:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот граѓански суд Скопје го одби како неосновано тужбеното барање на Миленко Неделковски за утврдување на одговорност за клевета и надомест на штета против новинарите

Пред Основниот граѓански суд Скопје на ден 06.12.2021 година беше поднесена тужба од страна на Миленко Неделковски против новинарите Дејан Србиновски и Билјана Секуловска како и против директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска. Со оваа тужба се бараше утврдување на одговорност за клевета и надомест на штета во врска со емисијата „25 Минути” со наслов: „Говор на омраза – зошто не се санкционира?“ емитувана на ден 12.09.2021 година на Телевизија 24, а во која од страна на тужените, тужителот Миленко Неделковски е посочен како пример за лице кое шири говор на омраза, на начин што со своите дејствија промовира, поттикнува и шири омраза, насилство и нетрпеливост, соопштуваат од ЗНМ.

Од страна на aдвокатот на новинарите и Пировска, во одговорот на тужбата беше приложен доказен материјал од кој неспорно се докажува дека и пред емитување на емисијата „25 Минути”, тужителот веќе бил познат на јавноста како лице кое шири говор на омраза, а со тоа и дека тужените имале основано причина да ги истакнат предметните наводи.

Меѓу другото е наведено дека судот треба да ги има во предвид и Принцип 6 и 7 од Препораката бр.R (97) 20 на Комитетот на Министри на Совет на Европа за „говор на омраза, со кој јасно се укажува на фактот дека:

„Националното право и практика во областа на говорот на омразата треба да водат сметка за улогата на медиумите во комуникацијата на информациите и идеите што покажуваат, анализираат и објаснуваат специфични примери на говор на омразата и воопшто на овој феномен, како и да го земат предвид правото на јавноста да добива такви информации и идеи”, односно дека известувањето за расизам, ксенофобија, антисемитизам и други форми на нетрпеливост е целосно заштитено со член 10, параграф 1 од Европската Конвенција за човекови права”.

Судот по заклучување на главната расправа, на ден 09.11.2022 година одржа рочиште за објава на пресуда, на кое беше соопштено дека тужбеното барање на тужителот се одбива како неосновано, со што тужените се ослободуваат од одговорност за клевета и надомест на штета.

Next Post

Османи: Нашата земја е примена како членка на Унијата за Медитеранот, секој ден поблиску до Европската Унија

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk