ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светски ден против дијабетес, во државава дијагностицирани 172 949 пациенти

November 14, 2022 09:12
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, а мнозинството од нив живеат во земји со низок и среден приход. Речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво се препишуваат на дијабетес секоја година. Според информациите од Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на дијабетес постојано се зголемува во последните неколку децении.

Дијабетесот  е главна причина за откажување на бубрезите, срцев удар, мозожен удар и ампутација на долните екстремитети. Помеѓу 2000 и 2019 година на светско ниво е забележано зголемување од три процени во стапката на смртност од дијабетес според возраста. Здравата исхрана, редовна физичка активност, одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун се начини да се спречи или одложи појавата на дијабетес тип 2.

СЗО секоја година на 14 ноември го одбележува Светскиот ден за борба против дијабетесот. Овогодишната кампања се фокусира на потребата за подобар пристап до квалитетно образование за дијабетес. По повод Светскиот ден на дијабетесот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема  „Предизвиците за дијабетесот во Македонија – заедно еден со друг“.

Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК во рамки на годинашните програмски активности вечер, во 19:00 часот, во објектот на „Мала станица“ со пригоден настан ќе го одбележи 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот. Како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и министерот за здравство Беким Сали.

Во Северна Македонија, согласно добиените податоци од Институт за јавно здравје, до 2021 година регистрирани се вкупно 172 949 пациенти со дијагноза на шеќерна болест.

Димче Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари во изјава за МИА вели дека лицата со дијабетес во земјава ја добиваат најиновативната терапија што постои.

-Добиваме современи инсулини, согласно европските и светски стандарди. Се соочуваме со мали недостатоци што се надеваме дека набргу административно ќе се надминат и ќе бидат достапни повторно на пациентите кои имаат недостаток, изјави Велев.

Според него, неопходно е да ја добијат можноста за целосно квалитетно менаџирање на дијабетесот со квалитетни ленти, квалитетни дигитални апарати, глукомери за кои бараат да бидат со референтна цена, сензори за деца и млади за полесно да живеат со болеста.

-Тоа што очекуваме е во следниот период да се реализира нова набавка на инсулини со олесната постапка и процедура околу јавната набавка. Нашата идеја што ја презентиравме минатата година е преку отворен пазар да се оди на тие набавки со цел побрз пристап до иновативни терапии, додаде тој.

Светскиот ден против дијабетесот е основан во 1991 година од страна на Меѓународната федерација на дијабетичари со поддршка од СЗО, како одговор на растечката загриженост за ескалацијата на заканата по здравјето од дијабетес. Светскиот ден на дијабетот стана официјален ден на Обединетите Наци во 2006 година.

Next Post

ОН ќе гласаат за предлогот Русија да и плати воена отштета на Украина

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk