ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Андонов: За да имаме утре, треба да штедиме струја денес

November 16, 2022 14:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.

Потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во текот на вчерашниот ден се задоволени со домашно производство од 10.876 MWh електрична енергија од ЕСМ и со 3.110 MWh набавена електрична енергија. Во термоелектраните произведени се 7.834 MWh електрична енергија, а во ветерниот парк Богданци 2.952 MWh.

-Најважното за овој период од годината, во овие кризни услови во кои живееме заради воените случувања во Украина кои предизвикаа нестабилност на енергетските пазари, е дека за граѓаните обезбедивме електрична и топлинска енергија по најповолни можни услови. Состојбата со електро – енергетскиот систем е стабилна, продолжуваме да ја следиме секојдневно и да Ве информираме навремено. Во периодот што следува сите да ги зголемиме напорите за штедење на електрична енергија, да бидеме солидарни и да си помогнеме и себеси и на државата, рече Виктор Андонов, советник за енергетика.

Тој додаде дека ресурсите за производство на електрична енергија се ограничени, и затоа мора да бидеме економични и внимателни во нивната употреба и прераспределба.

-Енергетската транспарентност е врвен приоритет во справувањето со кризата и затоа со Вас редовно ги споделуваме сите релевантни информации. Денес официјално започнуваме со реализација на информативно-едукативни активности со кои сакаме да ја подигнеме јавната свест за тоа колку е важно штедењето на електричната енергија во услови на светска енергетска криза, за да имаме утре, треба да штедиме денес, додаде тој.

Андонов појасни дека целта е овие пораки за важноста на штедењето на електрична енергија да бидат слушнати и прифатени од што е можно повеќе граѓани.

-На тој начин очекуваме овие пораки да имаат позитивен ефект, да влијаат на сите нас да смениме нешто во секојдневните навики што ќе ни донесе бенефит веднаш и сега. Во овие информативни материјали содржани се корисни информации за граѓаните како поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да ја штедат. Граѓаните, институциите и компаниите се многу важни во овој процес! Секој од нас треба да се вклучи и да направи мала промена во домот и на работното место, која ќе значи многу за енергетскиот систем, рече Андонов.

Како да заштедат домаќинствата?

Стручњаците постојано укажуваат дека во Македонија електричната енергија не се троши рационално и дека кога граѓаните би се придржувале на советите ќе можат да ги преполоват сметките за електрична енергија. Од друга страна пак, граѓаните главно се убедени дека сериозно внимаваат на потрошувачката, но немоќни се да остварат каква било заштеда. Ова се најзначајните совети за заштеда на електричната енергија во домаќинствата кои ги сподели Владата, а кои се спроведуваат и на светско ниво.

– фрижидерот треба редовно да се чисти, а термостатот најдобро е да биде поставен на температура од 3 до 5 степени;

– современите прашоци за перење овозможуваат ефикасно чистење на алиштата и на температура од 40 до 60 степени;

– со секое вклучување на пеглата се троши струја за нејзино загревање, што значи алиштата е подобро да се пеглаат одеднаш;

– секогаш да се преферира туширање наместо капење во када;

– компјутерот и мониторот да бидат во режим на мирување секогаш кога не се користат, бидејќи годишно трошат 1000 kWh;

-машината за садови секогаш да биде полна и да се вклучува ноќе;

– бојлерот е најдобро да се вклучува ноќе, или пак да се вгради реле кое автоматски ќе го вклучува и исклучува во висока односно ниска тарифа;

– во текот на готвењето садовите треба да бидат затворени;

– жаречките светилки да се заменат со штедливи;

-клима уредот троши три пати помалку отколку електричната греалка, и најдобро е да се користи во опсегот на надворешни температури од 5 до 15 степени, на температура до 22 степени.

– во зимскиот период треба да се избегнуваат електричните греалки за догревање. Поисплатливо е користењето на ТА печки.

– тешките и долги завеси ги покриваат радијаторите и го оневозможуваат циркулирањето на воздухот.

Стручњаците тврдат дека со придржување кон овие правила секој дом може да заштеди и до 50% електрична енергија.

С.Т.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Реакција на Министерството за транспорт и врски: ЗХГ манипулира и дезинформира во однос на постапките за измените на Правилникот за Урбанистичко планирање

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk