ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Спасовски: Зајакнатата меѓународна соработка клучна за одржливо управување со миграциите во Западниот Балкан

November 16, 2022 15:11
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Клучна активност на нашиот пат за одржливо управување со миграциите на Западен Балкан претставува напредокот во реализирање на меѓународната прекугранична соработка, зацврстената меѓународна доверба и зголемената размена на информации која е најдобар доказ за нашата подготвеност да го направиме безбедносниот амбиент уште поповолен, а со тоа уште побрз и напредокот во европските интеграции, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција, одржана во рамки на Министерската конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан.

Тој нагласи дека менаџирањето со миграции е комплексен безбедносен предизвик со кој веќе подолг период се соочуваме како држава, но и како регион во целина, бидејќи Балканскиот Полуостров е дел од мигрантските рути и подрути кои водат од Азија и Африка кон Централна и Западна Европа, пренесува МИА.

– Нелегалните миграции се секојдневна тема на дискусија и дејствување на полициските служби во нашиот регион и во Европа, каде притисокот и транзитот на нелегалната миграција и во 2022 година останува висок, а криминалот со криумчарењето на мигранти поради побарувачката за криминални услуги и понатаму е привлечен и многу профитабилен за криминалните групи. Актуелните воени и политичко-безбедносни кризи на Блискиот и Средниот Исток и неповолната економска и социјална состојба во матичните држави влијаат за обиди за влез и транзит на нелегални мигранти низ нашата земја, наведе Спасовски.

Министерот додаде дека на нашата јужна граница веќе седум години споделуваме заедничко искуство на работење со странски полициски службеници, преку континуирано имплементирање на меѓународната заедничка операција со помош на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во која учествуваат полицајци од осум европски земји, од кои седум се членки на ЕУ, со максимален број од 160 распоредени странски полициски службеници.

Спасовски изрази задоволство што Министерството за внатрешни работи, заедно со ИОМ, во рамките на чешкото претседателство на Советот на ЕУ, е кооргинизатор и домаќин на Министерската конференција за одржливо управување со миграција во Западен Балкан.

– Потпишувањето на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ за определени оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија со гордост го промовираме во последниов месец и на меѓународно и на национално ниво за нас има повеќе значење. Со ратификацијата на договорот со цел обединување на силите и зајакната координација се отвора можност за распоредување на персонал на ФРОНТЕКС во земјата. Со тоа дополнително ќе бидат регулирани и прецизирани политиките и практиките за заштита на границите што, пак, ќе придонесе за јакнење на капацитетите за контрола на миграциите особено на нелегалните, истакна Спасовски.

Генералниот директор на ИОМ, Антонио Виторино во името на Организацијата изрази задоволство од резултатот што е постигнат на Конференцијата.

– Декларацијата која што овде е прифатена помеѓу сите претставници на земјите од Западен Балкан е посветеност за подобрување на соработката во правец на борба против нелегалната миграција и нелегалните текови со прекуграничниот криминал, наведе Виторино.

Тој нагласи дека ИОМ ги поддржува сите земји од Западниот Балкан.

– Ние сме Агенција на ОН за решавање и борба против нелегалните миграции и ги поддржуваме сите земји од Западен Балкан за безбедно, сигурно и непречено консолидирање на институциите во борбата против нелегалната миграција. Ние сме тука исто така подготвени да ги заштитиме жртвите од нелегалната миграција, потенцијалните жртви на нивните групи и посветени во тој правец им помагаме на државите. И ние ќе им помогнеме на државите за подобра контрола, размена на информации за подобра заштита на мигрантите коишто поминуваат низ земјите од Западен Балкан, заклучи Виторино.

 

Next Post

Спасовски: Пријавите за бомби во училиштата се хибриден напад врз државата

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk