ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Пријавите за бомби во училиштата се хибриден напад врз државата

November 16, 2022 15:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Стојам на ставот дека дојавите за поставени бомби во училиштата претставува хибриден напад врз државата и дека тоа е монструозен чин, заради тоа што без разлика кој и да го прави, со тоа ги вознемирува и учениците и нивните родители и наставниот кадар и целата држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Институциите максимално се посветени во овој дел. Јас очекувам за многу кратко време да имаме реализација во откривање на еден од сторителите, нагласи Спасовски, зборувајќи за лажните пријави за бомби во училиштата.

Тој, на прес-конференцијата што се одржа во рамки на Министерската конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан, одговарајќи на новинарско прашање околу нападот што се случи во Куманово, рече дека се работи за група хулигани коишто од за нив познати причини, сметале дека треба да извршат ваков напад и оти тоа нема да го наруши соживотот во градот.

– Јас очекувам дека институциите на прогонот ќе бидат ригорозни во овој дел и дека ќе мора да се носат санкции. Второ, многу поголеми „играчи“ не успеале да го нарушат соживотот во Куманово. Во Куманово сите ние коишто живееме знаеме многу добро да се почитуваме без разлика дали сме Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Власи… заради тоа што Куманово претставува „Македонија во мало“ и тоа нема да се случи, затоа што граѓаните се пред се луѓе коишто заемно се почитуваат и коишто ги негуваат тие традиции на соживот. Секако дека секој еден ваков хулиган којшто ќе направи каков било чекор што ќе значи нарушување на јавниот ред и мир или кривично дело, ќе мора да биде изведен пред лицето на правдата, потенцираше Спасовски.

Министерот повика на одговорност и на смиреност кај граѓаните и да не се политизираат овие случаи.

– Така што, кога ќе излезат деталните информации овие луѓе кои се, каде биле и кому му служеле во изминатиот период ќе ви биде многу јасно за реакциите коишто беа, истакна Спасовски.

Next Post

Владата им е сојузник на студентите, наскоро ќе има конкретни решенија

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk