ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Рестрикции на струја не се предвидени, се бара начин цената да остане иста

November 17, 2022 12:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Рестрикции на струја не се опција и не се предвидени во овој период на годината, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој истакна дека, производството на електрична енергија е стабилно и сигурно и покрај постарите капацитетите со кои располагаме. Ова, како што рече, се должи токму на тоа што е вршен редовен сервис, редовно одржување и ремонтирање на опремата и нашите капацитети се едни и подобро одржуваните во регионот. Во делот на предвидливоста, АД ЕСМ се максимално подготвени да испорачаат електрична енергија.

Тој напомена дека тоа што фирми се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар, каде што струјата е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, не ја зголемило потрошувачката бидејќи во октомври и почетокот на ноември имавме потопло време. Меѓутоа, порача дека тие треба што побрзо да се вратат на слободниот пазар и вели дека се добри најавите за воведување блок-тарифи на регулираниот пазар и за фирмите, исто како што беше направено со домаќинствата, па на таков начин оние што трошат повеќе – ќе плаќаат повеќе, па на големите компании нема да им биде од корист да бидат на регулираниот пазар.

– Во втората половина на декември треба да се направи пресметка за цената не електричната енергија на регулираниот пазар. Цената ќе ја формираме према ЕВН Хоум и следствено на тоа РКЕ ќе донесе одлука за новата цена за периодот од 1 јануари до 30 јуни. Даночната стапка се зголемува за 10 проценти. Се наоѓаат начини кои нема да дозволат зголемување на цените. Блок тарифите за домаќинствата носат резултати. Сите домаќинства и малите потрошувачи добиваат електрична енергија 80 посто субвенционирана од државата. Ако бидат цените реални, граѓаните ќе плаќаат 5 пати повисоки сметки. Тенденцијата е да нема зголемување на цената на струјата, во ваква енергетска криза, колку што може ЕСМ ќе направи за да влијае, истакна Ковачевски

Next Post

Нуредини: За зелената агенда не смее да има политика, потребна е долгорочна стратегија

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk