ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Патриција Ди Џовани: Да ги почитуваме правата на децата, да имаат квалитетно и инклузивно образование

November 21, 2022 15:30
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

Секое дете има право на еднаков пристап до квалитетно образование. Потребно е да ја избегнеме дискриминацијата и да создадеме инклузивен свет за секое дете, рече денеска во своето обраќање претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани по повод Светскиот ден на детето, што се одбележа под мотото „Кога се работи за детските права, сите сме еден тим“, во организација на Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На одбележувањето на Светскиот ден на детето присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ФФМ, Дени Масев.

Според Патриција Ди Џовани, оваа година Светскиот ден на детето се одржува на истиот ден кога започнува Светското првенство во фудбал, што создава единствена можност да се искористи моќта на фудбалот за целиот свет да се обедини и да се потсети дека кога станува збор за правата на децата – може да има само еден тим.

-Пораката што ќе ја испратат нашите фудбалери е потсетник за секој од нас да ги почитува правата на децата, да даваме еднакви можности на сите деца, квалитетно и инклузивно образование, живот во здрава животна средина и добро ментално здравје, рече Патриција Ди Џовани.

Освен еднаков пристап до образованието, како што напомена, на секое дете има право и на подеднаква здравствена грижа.

Директорот на ФФМ, Дени Масев рече дека без разлика за која држава навиваме на Светското првенство, кога станува збор за правата на децата, сите сме во ист тим. Секое дете заслужува да се чувствува безбедно, заштитено и уважено.

Премиерот Ковачевски истакна дека одбележувањето на овој ден е можност да продолжиме да го унапредуваме статусот на децата во нашето општество.

-На овој ден се потсетуваме кои ни се приоритетите, каде треба да ни е насочен погледот, што сакаме да постигнеме за да обезбедиме безгрижно детство, како и подобра иднина и можности за развој. Овој ден е нашиот потсетник за обврските што како општество ги имаме кон нашите деца, особено оние чија положба е многу чувствителна, порача премиерот.

Tags: инклузивно образованиеКовачевскиПатриција Ди Џовани
Next Post

Издржавме на Мајдан – ќе победиме во војната!

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ова не е крај на патот, САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, вели Трамп

August 18, 2025

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk