По минатонеделниот триумф, Лина Ѓорческа и на вториот W25 турнир во Ираклион, Грција игра одлично. За пласман во финалето се избори без изгубен сет во досегашниот тек од турнирот.
Во првите три кола извојува победи против Ziva Falkner од Словенија (6-3 ; 6-3), Dea Herdzelas од Босна и Херцеговина (4-0 ret.) и Sofia Rocchetti од Италија (6-1 ; 6-4), а само што заврши нејзиниот меч со уште една победа против силната и подоброрангирана тенисерка од Романија, Miriam Bianca Bulgaru (6-4 ; 7-6). Тоа е истата тенисерка којашто Лина ја победи на турнирот минатата недела.
Со оваа победа Лина Ѓорческа обезбеди нови 30 поени и напредок од 20-тина места на WTA листата.
Противничка на Лина во утрешното финале ќе ѝ биде Русинката Ekaterina Makarova. Почетокот на мечот е закажан за во 9:00 часот по македонско време.
А. Лукароски