ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски од Штип: Работниците во конфекциите најдобро знаат што значи покачувањето на минималната плата

November 26, 2022 21:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Минималната плата ја покачивме двојно, од 8.000 денари во време на ВМРО-ДПМНЕ, на 18.000 денари. Штип е работнички град.  Ние парите ги насочуваме кон работниците, а ВМРО-ДПМНЕ ги смешате за евтина работна рака која треба да се искористи. Знам дека работниците по македонските конфекции најдобро знаат што значи оваа разлика, што значи да се цени и почитува нечиј труд“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Штип.

Тој додаде дека со буџетот за наредната година и економскиот план, Владата тргнува во офанзива, конечно да ја победиме кризата, да почнеме да растеме и да го зголемиме животниот стандард.






„Клучните економски показатели влеваат надеж. Предвидувањата на ЕБОР се дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Многу повеќе од проекцијата за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто.  Народната банка вели дека и оваа година ќе успееме да ја завршиме со раст од над 2 проценти. Затоа ги интегриравме антикризните мерки со економски развојните политики“ рече Ковачевски.

Премиерот изјави дека наредната 2023 година е година на економска пресвртница, со политика на инвестиции, нови и добро платени работни места и енергетска транзиција со визија да станеме зелен енергетски центар во Европа.

По 10 месеци може да кажеме дека ја спасивме економијата и ги поддржавме граѓаните и компаниите

„Резултатот од изминатите 10 месеци ми дава полно право да ви кажам дека следната година ќе биде подобро. По само 10 месеци можеме да кажеме дека ја спасивме македонската економија со антикризни мерки вредни 760 милиони евра и економски политики.  Го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани кога беше најпотребно“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Штип.

Тој додаде дека цврсто ја државме линијата против глобалната криза и сите се сеќаваат на неизвесноста дали ќе има храна, леб, брашно, масло, греење, струја, нафта итн. Сепак, како што кажа Ковачевски, во крајно тешки околности Владата успеа да го одржи стабилен и да не крахира буџетот, да го одржи енергетскиот систем и да обезбеди храна, енергенси, греење и струја.

„Го поддржавме стандардот на граѓаните и ги помогнавме компаниите. Цената на струјата ја субвенционираме за 600.000 домаќинства и за 72.000 компании. Да не е таа субвенција сите ние ќе плаќавме и до пет пати повеќе за електрична енергија. Ме праша и вашиот сограѓанин за субвенционирањето на струјата и еве прилика да одговорам, да, имаме пари обезбедено и продолжува субвенционирање на сметките за струја. Никој нема да биде оставен сам“ рече Ковачевски одговарајќи на прашање од граѓанин на трибината.

Премиерот додаде дека Владата обезбеди и двојно поевтина цена на струјата за 233 основи и средни училишта, 50 јавни претпријатија, 235 домашни компании кои произведуваат основни прехранбени продукти, вкупно за 518 субјекти.

„ Со последната антикризна мерка некои видови на леб и млечни продукти се веќе со намалени цени, а тоа намалување на цените на основните производи ќе продолжи и понатаму.  Очекувам да се намалат и цените на брашното, млекото, месото, маслото за јадење за околу 10 отсто“ рече Ковачевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Turkish AirForce F-16 (Wikimedia Commons)

Дали Ердоган ќе изврши инвазија врз Сирија?

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk