ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најбогатиот човек против највредната компанија: Илон Маск започна вербална војна со „Епл“

November 29, 2022 18:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во серија твитови, сопственикот на Твитер, Илон Маск, ја обвини компанијата „Епл“ дека се заканува оти ќе го отстрани Твитер од својата продавница за апликации, што би ги ограничило новите корисници да ја преземат апликацијата од „Еп Стор“.

Ваквата акција би била еднаква на цензура, напиша Маск, без објаснување зошто Твитер би бил блокиран. Маск додаде и дека „Епл“ ги намалила трошоците за рекламирање на Твитер.

Епл, исто така, се закани дека ќе го отстрани Твитер од својот „Еп Стор“, без да ни каже зошто, напиша Маск во еден од многуте твитови.

Apple has also threatened to withhold Twitter from its App Store, but won’t tell us why

— Elon Musk (@elonmusk) November 28, 2022

Њујорк Тајмс пишува дека со овие твитови Маск го постави теренот за борба за моќ со Тим Кук, извршниот директор на „Епл“, кој има огромно влијание и врз другите технолошки компании. Маск сега има интерес во влијанието на „Епл“, бидејќи Твитер се дистрибуира преку „Еп Сторе“ и го користат милиони сопственици на „ајфон“ и „ајпад“ уредите ширум светот. Во еден твит, Маск навести дека е подготвен за „војна“ со „Епл“.

Како што пишува Тајмс, деловниот план на Маск откако го презема Твитер се заснова на пренасочување на приходите од зависноста од рекламирање кон поголема зависност од продажба на претплата. Но, секој нов приход од претплатата ќе биде скратен за 30 отсто поради практиката на „Епл“ да зема процент и за себе.

Поплаките на Маск доаѓаат во време кога „Епл“ се соочува со иницијатива во американскиот Конгрес да се унапредат низа антомонополски закони. Меѓу законите што се разгледуваат е и оној за отворени пазари на апликации, кој би им дал на програмерите поголема контрола врз нивните апликации и би им дозволил да ги прескокнат таксите што „Епл“ и „Гугл“ ги наплаќаат преку продавниците за апликации.

„Епл“ се соочува со реакции и од развивачите на апликации, поради политиките на „Еп Стор“. Надоместоците што ги собира од продавницата, компанијата ги користи за да го плати персоналот што ја прегледува секоја апликација која се дистрибуира заради безбедност на корисниците. За оваа пракса и поради „антиконкурентското“ однесување „Епл“ наиде на реакции од извршните директори на компании како Мета, Спотифај и Твитер, а беше тужена и од „Епик Гејмс“ – производителот на видео-играта „Фортнајт“.

Во едно интервју извршниот директор на „Епл“ беше запрашан дали постои ризик Твитер да биде отстранет од „Еп Стор“, на што Кук одговори дека Твитер ќе продолжи да се дистрибуира и ја пофали компанијата за одлуката да се посвети на модерирање на навредливите содржини.

Меѓутоа, Си-Ен-Би-Си пишува дека постојат две основни причини зошто „Епл“ периодов можеби ја набљудува социјалната мрежа. Првата е тоа што компанијата бара од социјалните мрежи како Твитер да имаат силни системи за модерирање на содржините. Недоволното модерирање беше причината поради која „Епл“ ја отстрани апликацијата Парлер, помалиот конкурент на Твитер. Маск, од друга страна, значително го намалил персоналот во Твитер за модерирање на содржините на социјалната мрежа.

Другата причина е таксата од 15 до 30 отсто која ја плаќаат апликациите што се продаваат на „Еп Стор“. Кога „Епик Гејмс“ постави систем за да ја заобиколи оваа такса, „Епл“ го отстрани од „Еп Стор“. Ако Твитер се одлучи на истиот потег, тоа би можело да го принуди „Епл“ на отстранување на социјалната мрежа од својата продавница.

Инаку, Илон Маск со години ја напаѓа „Епл“. Во минатото се бореше против наводниот план на ова компанија да почне да произведува електрични автомобили, а во 2015 година рече дека „Епл“ вработувала само одбиени вработени во „Тесла“, друга компанија чиј извршен директор е тој, нарекувајќи ја компанијата „Гробишта на Тесла“.

Next Post

Откриена најголемата даночна измама во ЕУ: Штетата е над две милијарди евра

НАЈНОВО

Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

October 29, 2025

Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити? Буџетот за 2026 под лупа

October 29, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk