ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Финците во Шведска и Србите во Косово, Културно социјалниот простор во Тетово – општествен ресурс во канџите на локалната власт

December 2, 2022 13:10
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

БОТА СОТ: Српското етничко малцинство во Косово и финското етничко малцинство во Шведска

„На северот на Шведска (градот Кируна и неговата околина) живее финското етничко малцинство.  Швеѓаните се автохтони. Но, Финска никогаш не водела војна и низ историјата не покажала претензии и обиди за окупација, алчност да ја колонизира таа територија и да го искористи тоа неверојатно подземно богатство.

Финското етничко малцинство кое живее во Шведска ги ужива сите малцински права и што е најважно и исклучително важно за ситуацијата е лојално на шведската држава. Лојалноста кон државата ги прави драги на Швеѓаните.

Во Косово, главно на север, се знае дека живее српско етничко малцинство. Албанците се автохтони. На српското етничко малцинство во Косово со Уставот на Косово им се загарантирани сите малцински права според меѓународните закони, повеќе од сите други малцинства во светот. Нормално, српското етничко малцинство во Косово, во споредба со финското етничко малцинство во Шведска, се очекува да биде лојално на државата Косово. Но, Србија манипулира со ова малцинство.“, пишува проф. д-р Зија Леши во колумната „Српското етничко малцинство во Косово и финското етничко малцинство во Шведска“.

КДП: Културно –социјалниот простор на Тетово, апсурдна и надежна историја

„Во јуни 2018 година, група млади луѓе тропнаа на вратите на нашата организација Democracy Lab во Тетово со барање кое не возбуди сите. Оваа група урбани млади бараше локална организација која институционално ќе покрие иницијатива за соработка во рамките на европската програма Еразмус+ со организација од Брисел, која за своја мисија имаше заживување и враќање на напуштените јавни простори во функција на заедницата.

Во суштина, оваа благородна идеја реши повеќе проблеми преку еден единствен пристап: да се отстрани нечистотијата собрана од времето и институционалниот заборав, да се врати во употреба објект кој е изграден со пари на граѓаните и конечно да се претвори во ресурс за самата заедница. може да се одржат активности и настани – вклучително и дневна употреба каде што младите можат да се соберат за да го поминат времето.“, извадок од колумната “Културно –социјалниот простор на Тетово, апсурдна и надежна историја“ од Сефер Селими.

Д. Тахири

Извор: ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: етнички заеднициКосовоСрбијаТетово
Next Post

Се сеќавате на Субрата Рој, најценетиот домазет на политичката елита од минатата деценија?

НАЈНОВО

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

October 18, 2025
Фото: МИА

За уривање на спомен-куќата на Владо Малески, ОЈО Струга оформи предмет

October 18, 2025
Приказната за телескопите

Приказната за телескопите: Поглед кон вселената – од Галилео до Џејм Веб и Роман

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk