ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попоска: Целта на пропагандата и дезинформациите е со неиспукан куршум да се сруши целото општество

December 9, 2022 09:49
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ

-Идејата на пропагандата и дезинформациите е практично да ги еродира демократските вредности и либералните теми во која се поставени општествата. Тоа е практично со неиспукан куршум да срушите цела една влада или цела едно општество. Затоа не смееме да се повлечеме и не смееме да се откажеме. Мора да не застанеме тука мора да преземеме и како држава и како НАТО членка и како кандидат за ЕУ малку по стратешки пристап, нагласи Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при универзитетот „Визион“ во Гостивар во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

„Состојбата со дезинформациите, за жал не можам да кажам дека станува подобра и не сум оптимист дека нешто ќе се промени за скоро на подобро, напротив мислам дека тоа ќе биде една од клучните стратегиски алатки за стекнување на моќ. Како што знаете се промени и контекстот и на безбедносната средина и на војната, и начинот како државите војуват меѓу себе или освојуваат некакви опеределени стратешки цели, нагласи Попоска.

Меѓу другото, таа истакна дека имаме бројни примери какви штети можат да предизвикуваат дезинформациите пандемијата на КОВИД беше најизразениот пример, сега во контекст на Руско-украинската војна повторно сме соочени со истите предзвици. Но, и дома, каде според една студија најголемиот проблем за дезинформациите или најголем извор на дезинформациите се политичките партии.

Според Попоска,  дезинформациите влегуват во хибридното војување или новиот начин на закани. Еклатантен пример е еден случај во 2020 каде поради фалсификувано писмо од Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, наводно поради лошо справување на КОВИД кризата од страна на одредена држава беа повлечени армиски сили.

„Тука би го потенцирала, особено во нашиот котекст, влијанието на таканаречените инфлуенцери и нелојалната конкуренција меѓу медиумски сервиси који се регистрирани и делот на слободни интернет медиуми“, порача Попоска.

Попоска понатаму истакна дека најтешката работа ја имаат новинарите, затоа е многу важно квалитетно новинарство. Информациите да се пласират проверени, како и сервисите за проверка на факти имат важна улога, како и медиумската писменост, важно е да останеме будни како граѓани, и како академска заедница и како медиумска заедница.

„Таа битка не знам дали ке ја добиеме, но не смееме да потклекнеме во обидувањето да се соочиме со проблемот, затоа што ако се повлечеме веќе сме ја изгубиле битката„ порача Попоска.

Назми Абдурахмани

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Next Post
Јован Деспотовски. Фото: Дехран Муратов

Деспотовски ексклузивно најави нови инвестиции во ТИРЗ: Се преговара со две нови компании со инвестиции од по 200 милиони евра

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk