Легендарниот бразилски фудбалер Пеле одговори на зборовите за поддршка од напаѓачот на француската репрезентација Килијан Мбапе.
Бразилецот од болница порача: „Благодарам Мбапе. Мило ми е што го собори мојот рекорд, пријателе!“ напиша Пеле на Твитер.
Французинот стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал девет гола на светските првенства пред да наполни 24 години. Претходно рекордот го држеше Пеле, кој пред својот 24 роденден постигна седум гола.
Како што претходно објавија бразилските медиуми, 82-годишниот Пеле добива палијативна нега откако хемотерапијата престана да ги дава очекуваните резултати.
Пеле е хоспитализиран за повторна евалуација на третманот за рак на дебелото црево. Подоцна му била дијагностицирана респираторна инфекција