Наташа Габер-Демјановска е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Габер-Демјановска беше избрана со осум гласа за и еден воздржан на денешната седница на Управниот одбор на Академијата.
Во трка за директор на Академијата беа уште тројца кандидати, судиите Ненад Савески, кој доби три гласа за, пет против и еден воздржан и судијата Андреј Димовски за кого имаше девет гласа против. За судијката Емилија Шопар-Јованова не се гласаше, поради не исполнување на условите.
Ова е втор четиригодишен мандат на Габер-Дамјановска. Таа е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања, а за директор на Академијата прв пат беше избрана во ноември 2018 година.
Согласно Законот за Академијата за судии и јавни обвинители директорката Наташа Габер својата функција ја извршуваше до 30 ноември 2022 година, а Управниот одбор на
Управниот одбор на 188 седница на 5 декември донесе одлука со која за в.д. директор на Академијата го