ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Цивил со хитот на Тото Кутуњо „Инсиеме“ ги промовира европските вредности и интеграцијата во ЕУ

Промоцијата на песната „Инсиеме“ на македонски јазик ќе се одржи во вторник, 13 декември, кафе-клуб Мош, со почеток во 12 часот. Влезот е слободен.

December 10, 2022 12:08
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Скриншот, видео од настапот на Тото Кутуњо на Евровизија, Загреб, 1990 година

Скриншот, видео од настапот на Тото Кутуњо на Евровизија, Загреб, 1990 година

Европскиот сон е, конечно, остварлив. Во овој период најпотребно е да се обединат општеството и сите политички фактори за остварување на заедничкиот интерес – членство во ЕУ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода започна нова иницијатива за промоција на европските вредности, градењето на општествената кохезија и полноправното членство во Европската Унија.

Иницијативата го носи насловот „Заедно“, според песната на познатиот италијански автор Тото Кутуњо (Insieme), со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година. Промоцијата на песната „Инсиеме“ на македонски јазик ќе се одржи во вторник, 13 декември, кафе-клуб Мош, со почеток во 12 часот. Влезот е слободен.

Со оваа иницијатива, Цивил дава свој придонес кон цврстата и недвосмислена определбата на македонското општество да се приклучи кон големото европско семејство на демократски и суверени нации. Време е сите граѓанки и граѓани без оглед на нивната припадност и потекло, сите политички партии, верски заедници, граѓански и политички организации, групи и иницијативи, да се обединат во заедничката цела и стратешката определба на државата – членство во ЕУ.

Сан Ремо 1980 (фото извор: Wikimedia Commons)

Иницијативата на Цивил да ја промовира европската идеја во нашето општество се состои во тоа што познатиот хит на Тото Кутуњо ќе го испеат повеќе наши познати музички ѕвезди.

Цивил ги повикува сите политички партии да ја прифатат оваа иницијатива како своја и преку неа да ги промовираат своите ставови и определби за европска иднина на нашата земја.

Песната на Тото Кутуњо е симболичен придонес на Цивил кон промоцијата на европските вредности и поддршката за евроинтеграцискиот процес кој, по долгото чекање, доби конкретен и извесен тек.

Извор: ЦИВИЛМЕДИА

Tags: Евровизијаевропски вредностиЕУ интеграцииЗаедноИнсиемеТото Кутуњо
Next Post

Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски се добитници на државната награда за човекови права „Мето Јовановски“

НАЈНОВО

Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи

September 1, 2025

МОН посакува успешна учебна година за сите ученици и наставници

September 1, 2025

Нов правилник за возила: Заштеда од 1,3 милиони евра

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk