ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ковачевски: Голем дел од дојавите за бомби се од странство

December 13, 2022 12:51
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Безбедносната состојба во државата е стабилна, а МВР целосно и успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин. Што се однесува до монструозниот чин на дојава на бомби, која прво започна во автобусите на ЈСП, потоа по училиштата во Скопје и во некои други градови, а во последниве денови се проширија во трговски центри и во поголеми станбени згради, тие се секогаш поврзани со јавноста, која впрочем е еден од клучните работи во делот на тероризмот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

 

– Кај голем дел од овие дојави се работи за Ви-Пи-Ен врски хостирани во странство при што, речиси апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата, бидејќи Ви-Пи-Ен-ите се приватни виртуелни мрежи хостирани во странски држави и затоа се работи со партнерските служби, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Според него, заканите се е резултат на хибридна војна и останува како и досега нашите служби заедно со партнерските служби да се справуваат со овој проблем.

МВР во однос на дојавите за бомби дејствува со полн капацитет, вели Ковачевски, додавајќи дека на 5 декември веќе е поднесена кривична пријава за малолетник за тероризам кој испратил дојави за бомби во училишта

Премиерот нагласи дека МВР секојдневно комуницира со партнерските служби и членките на НАТО и со тие што имаме стратешка соработка. При тоа, вели Ковачевски, при истрагата на овие хибридни напади поради геостратешки цели или локални напади заради други цели, МВР прави анализи заедно со службите за безбедност, АНБ и одделот за антитероризам, а што се однесува до мерките за антитероризам при дојава, тие мора да бидат спроведени по целосниот протокол без притоа да се импровизира во кој било поглед колку и да имате првични проценки.

– Одделот за антитероризам после секоја дојава детално ги прегледува сите училишта со сите утврдени протоколи за да може во најкус рок да се потврди дека се работи за лажни дојави и обврските и наставата во училиштата да продолжат непречено, изјави премиерот.

На ваков тип напади масовно, посочи Ковачевски, се изложени и соседните земји, како на пример последните вакви дојави се во Црна Гора, но ги има и во Србија, како и во подалечни земји, како што се Нов Зеланд, Канада итн.

Премиерот потенцира дека според експертите, ваквите активности се зголемени по отпочнувањето на војната во Украина, која се чии е најпогодена од ваквите напади како во интензитет така и во зачестеност.

Прашан дали Националниот комитет за тероризам и насилен екстремизам ги сменил протоколите по налог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Ковачевски рече дека нема информација и посочи дека за тоа одговор треба да се бара во МВР.

Tags: Димитар Ковачевски
Next Post

Аргентина против Хрватска во првото полуфинале

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk