ЦИВИЛ ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за долгорочни набљудувачи.
Рокот за пријавување за долгорочно набљудување е мошне краток – апликациите за долгорочно набљудување мора да пристигнат до сабота, 8 февруари, 12 часот напладне. Избраните долгорочни набљудувачи ќе им се придружат на постојните веќе на 11 февруари, со обуката што ќе ја обезбеди ЦИВИЛ во Скопје.
Функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Во оваа фаза, ЦИВИЛ е во потрага по девет долгорочни набљудувачи на изборниот процес. Од организацијата, за FRONTLINE, кратко изјавија дека тоа се „специјалните сили“ во текот на изборниот мониторинг и откриваат дека следниот повик ќе биде за два дена, кога ќе се отворат уште 140 позиции за краткорочни набљудувачи.
Повеќе за повикот на ЦИВИЛ на следниот линк.