ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дир ѝ заблагодари на министерката Петровска што Северна Македонија ги засолни украинските деца од руската војна

December 17, 2022 17:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
фото: Министерство за одбрана

фото: Министерство за одбрана

Share on FacebookShare on Twitter

Театарска претстава со Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња во духот на празничниот период. Така изгледаше денешниот хуманитарен хепенинг кој денеска го организираше Министерството за одбрана во соработка со амбасадата на Украина во Северна Македонија во Skopje City Mall.

На хуманитарниот хепенинг присуствуваше министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина, Лариса Дир. Намерата на министерката Петровска и Министерството е со овој настан да внесе среќа и радост во очите на дечињата и топлина во нивните срца, да покаже дека тие не се сами и дека се грижиме за нив.

Тука се дружиме со дечињата кои своите прибежиште го најдоа во Република Северна Македонија, украинските деца кои страдаат од војната и од случувањата во Украина. Радосни сме и задоволни сме што заедно со амбасадорката Дир, Министерството за одбрана беше организатор на овој убав настан и им благодариме на сите оние добри луѓе кои ни се приклучија. Целта е да кажеме дека покрај политичката поддршка која што е несомнена и која што изминатиов период ја дававме и сè уште ја даваме и ќе ја даваме до крај на Украина, сепак се грижиме и за малите дечиња кои се тука во Република Северна Македонија, истакна министерката.

Република Северна Македонија, истакна Петровска, е нивен топол дом и изрази надеж дека тие уживаат во овие среќни новогодишни и божиќни празници, затоа што секое дете заслужува да биде среќно.

Денес, чуда и добрина Украинците среќаваат во пријателската Северна Македонија, бидејќи нивните куќи во Украина се наоѓаат под постојано руско гранатирање. Северна Македонија ги засолни украинските деца од руската војна. А денес, Северна Македонија на тие деца им поклони празник. Благодарна сум ѝ на министерката за одбрана Славјанка Петровска, за ваквата благородна идеја за создавање на бајковито расположение, за подарување на впечатоци на децата, изјави амбасадорката Дир.

Ние сме солидарен народ и имаме големо срце. Знаеме да подадеме рака, ние сме топол народ кој е солидарен и гостопримлив, знаеме како е да се биде во неволја, знаеме да бидеме солидарни и тоа го покажавме пред цела Европа – тоа е пораката која ја пренесовме преку овој настан, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Tags: ДирпакетчињаПетровскаукраински децахуманитарен хепенинг
Next Post

Зечевиќ: Ова е време кога сите треба да бидеме на вистинската страна, за Македонија - просперитетна и европска

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk