РИБАРО
Ме отепа најновата анкета на ИРИ, драги мои неспособни вмровци. Ќе ми објасни ли некој како можи шефот Грујо, кој нели побегна за да спаси жив газ и нè остави тука сите вмровци на цедило, да има поголем рејтинг кај народот од мене? А бе Таче кој прв пат влегува во резултати од анкета има ист рејтинг како и јас?! Ужас е ова!
Јас како шпицен градоначалник, кој се поболив од ленти сечење кај што стигнав по општините, каде со проекти од комуњариве се убив од фалење и сликање.
Јас кој не пропуштив ни една прилика да предизвикам политичка криза.
Јас кој со политичките методи – со стопирање закони, одолговлекувања, едновремено удрив по џебот на сите граѓани и по најранливите, по социјалата, по пензионерите.
Јас кој се радувам на светската економска и енергетска криза, и ја користам како аргумент за да наведам народ дека само нашава влада не чини, дека само кај нас има инфлација…
Јас кој не бирам начин да стопирам влез во ЕУ и држам во заложништво цела една држава и граѓани.
Јас ли, ваков умен, итар и снаодлив, заслужив толку мизерен рејтинг, што сите ми се смеат и си играат курташак со мене?
Вака се жалел Мицкоски кај своите соработници, како што дознава екипата на АХА, по резултатите од последната анкета на ИРИ, каде тој има помала поддршка кај граѓаните отколку неговиот ментор Груевски.
„Нека се активира одма Божиновски, и нека наштелува нова анкета во која ќе имам барем двојна предност пред Таче и процент повеќе пред шефот Грујо. Ништо друго не признавам. Нека закаже гостувања кај дебилине од Алфа, и нека вергла нешто методологијата на оваа анкета не чини и што ти јас знам… Нека се размрдаат клукајдрвците од социјалните мрежи. Нека не се фолира тој Антоњо, нека закаже прес. Ленин каде е кога очајно ми треба да се билда незадоволство кај скопјани. За кој курац бе ја плаќаме оваа багра од неспособњаковиќи а ги нема кога ни се најпотребни?!
Одма врти му на Божиновски и кажи му дека е ИТНО!“, се дерел Мицко во белата палата на вмровците.
– Шефе, вчера одма го пративме Божиновски да гостува на Алфа. Башка, нема поминато една недела откако излезе со неговата штелувана анкета, срамота е малку. А, Ленин е во Катар си ги лади мадињата и се слика за на Фејсбук, се охрабрил да возврати еден од мицковите соработници.
„Врти му бе мамлаз еден на Божиновски кога ти велам!
Ние и срам?
Ме изнасмеа на сета мака“, го подбрал Мицко мамлазот.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK