Христијан Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев и Левица е во паника, затоа што неговиот ментор, Никола Груевски е со повисок рејтинг од него. Затоа Мицкоски секојдневно се расфрла со екстремни и радикални изјави, затоа и за време на хибридни напади кон институциите, тој тера политика и одработува за туѓи интереси, соопштуваат од СДСМ.
„На Мицкоски веќе не му е важно што е добро а што не за државата и граѓаните, туку му е важно само да не заостанува зад Апасиев. Поради таквиот однос на Мицкоски градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ прават хаос во општините што ги раководат, поради таквиот негов однос ВМРО-ДПМНЕ постојано е на спротивната страна од државните и националните интереси.
Самиот Мицкоски постојано потврдува дека е слаб, без став, без план, подготвен на секаква деструкција, само за да се докаже пред Апасиев“, се наведува во соопштението од СДСМ.