ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

АТУ отвори нов фри-шоп на Аеродромот во Скопје

December 23, 2022 13:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска беше отворена новата бесцаринска продавница на АТУ на површина од над 350 квадратни метри, за што директорот на компанијата Ерсан Арџак истакна дека станува збор на инвестиција од речиси половина милион евра, чија цел е да го дополни искуството на патиците при патувањето.

– Денеска АТУ претставува глобален бренд што работи во делот на бесцарински продавници ширум светот. Ја црпиме нашата сила од партнерството со „ТАВ Аеродроми“, аеродромскиот оператор што претставува еден од глобалните лидери во аеродромските операции и заедно со најголемите оператори за бесцаринско работење во Европа успешно управуваме со бесцаринските продавници на аеродромите во Скопје и во Охрид. Среќни сме што со нашите инвестиции и проширените продавници на аеродромите во Скопје и Охрид придонесуваме во развојот на туризмот во Северна Македонија, истакна Арџак.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на отворањето на фри-шопот нагласи дека новата инвестиција го подигнува нивото на помодерни услуги на патниците на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

– Влезот на компанијата „АТУ Дјути фри“ овде на Меѓународниот аеродром „Скопје“ е уште еден бенефит за сите граѓани со што дополнително се зголемува конкуренцијата со аеродромите во целиот регион. Меѓународниот аеродром „Скопје“ е првиот контакт на патиците кои пристигнуваат во посета на нашата држава и токму поради тоа го поздравувам секое подобрување на условите на аеродромот и секое продолжување на надградбата на капацитетите, посочи Бочварски.

Министерот нагласи дека Владата покажува силна посветеност за развој на авиосообраќајот во земјата токму заради обезбедување на повисоко ниво на квалитетот на услугите и нови дестинации за граѓаните.

– И во реализација на овие наши политики „ТАВ Македонија“ е партнер на Владата кој дава силен придонес на развојот на авиосообраќајот во нашата држава. Последиците од КОВИД пандемијата која силно го погоди авиосообраќајот се веќе зад нас. Годинава можеме да бидеме само задоволни што ја постигнавме бројката од 2,3 милиони патници со што се приближивме до бројката од 2,7 милиони патници од 2019 година која беше и најсилна година во авиосообраќајот во државата. А тој оптимизам којшто го очекуваме да продолжи и наредната година го поткрепуваме со нашите нови три години финансиски планови за поддршка на авиокомпаниите коишто ќе понудат нови дестинации за граѓаните, потенцираше Бочварски.

Министерот потсети дека пред само неколку дена го објавија јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии со што, како што рече, се дава силен импут за развој на авиосообраќајот.

– Новиот јавен повик е конципиран да обезбеди влез на повеќе авиокомпании за да ја зголемиме конкуренцијата не само на аеродромот „Скопје“, туку, исто така, тоа да го направиме и да го понудиме и на аеродромот во Охрид, како конкурентен аеродром во регионот со крајна цел дополнително нови дестинации за Европа и светот со поконкурентни цени за нашите граѓани. И веруваме дека овие политики што ги спроведуваме се добри и ги даваат своите резултати, посочи Бочварски.

Тој додаде дека за 2023 година во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени преку 1,1 милион евра токму за таа цел.

– Определбата на оваа Влада е да ги искористиме максимално капацитетите на двата аеродроми во Скопје и Охрид и да обезбедиме полесно поврзување со европските метрополи, но и пошироко во светот, порача Бочварски.

Метин Батак, генералниот директор на „ТАВ Македонија“ посочи дека „АТУ Дјути фри“ е присутна на македонскиот пазар и на македонските аеродроми од 2010 година.

– Како ТАВ и како АТУ, што работиме во рамки на групацијата „ТАВ Аеродроми“, донесовме одлука дека на скопскиот аеродром му е потребна нова бесцаринска продавница чија што понадува ќе биде збогатена со нови брендови. Сето ова е со цел создавање нови искуства за нашите патници. Денеска го гледаме плодот на целата работа и соработка што беше правена и завршена до денес и навистина изгледа одлично новата бесцаринска продавница. Се надеваме дека нашите патници ќе го делат истото мислење со нас, особено кога ќе ја видат разновидноста на производите и целиот асортиман што се нуди, нагласи Батак.

Тој посочи дека верува оти АТУ  ќе обезбеди придобивки и ќе додаде вредност на искуството на патниците додека тие патуваат на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

– Задоволството на клиентите е една од нашите главни цели кон кои се стремиме, заклучи Батак.

Next Post

Што е „Јандекс“, преку кој стигнуваат најголемиот број дојави за бомби

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk