ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Борба“ со загадувањето во Скопје: Носете маски, затворете прозорци и не вежбајте на отворено

December 24, 2022 17:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Загадување на воздухот во Скопје/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Загадување на воздухот во Скопје/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Скопје и денеска се најде меѓу десетте најзагадени градови во светот. Загадувањето предизвика државата да ги активира мерките и препораките за заштита од аерозагадување поради тоа што два дена, едноподруго, беа надминати концентрациите на ПМ 10 честички во Центар и Лисиче, како и во уште три града во државата, Кичево, Кавардарци и Струмица.

Деновиве, откако речиси секојдневно поради маглата скопјани дишат загаден воздух, креаторот на апликацијата „Мој воздух“ и член на советот на Град Скопје од „Зелен хуман град“, Горјан Јовановски, излезе со препораки до скопјани како самите да преземат нешто за да се заштитат од „отровниот“ воздух.

Според Јовановски, граѓаните треба да го следат загадувањето и кога тоа е над дозволеното да носат надвор заштитни маски N95/FFP2/KN95, без оглед на тоа колку и да им се смачени маските кои беа задолжителни во периодот на корона вирусот.

 Никако не вежбај на отворено. Јогирање, трчање, баскет, фудбал, дури и велосипед на вакво загадување не смее да се прави зошто дишеме многу повеќе воздух кога сме заморени, а со тоа и повеќе ПМ честички вдишуваме. Во кола веднаш вклучи го модот на климата што го циркулира воздухот во колата, не влечи воздух од надвор. Кола не е херметички затворен систем, носи маска и во неа. Дома затвори прозорци и врати од балкон. Луфтирање многу полошо ќе направи кога е вакво екстремно загадувањето – препорачува Јовановски.

Понатаму тој додава дека оние што имаат прочистувач на воздух, треба да го пуштат да врти, затоа што тоа ќе помогне да се „проветри“ просторијата без да се отвараат прозорци. И можеби најважната препорака за скопјани е да излезат од котлината и да одат на Водно, Скопска Црна Гора, а оние што можат да си дозволат и во Маврово и на Попова Шапка, за да избегаат од загадувањето.

Скопје секоја година се соочува со големо загадување на воздухот, особено во деновите кога има магла, а нема ветар, како што е во изминатиот период. Досега ниедна градска ниту државна гарнитура не успеа да го намали овој проблем иако се преземаа мерки, како што се субвенции за купување инвертери во замена за печки на дрва. За жал, не се подобри, туку се влоши јавниот градски превоз, кој треба да им биде алтернатива на граѓаните за помалку да ги користат возилата во деновите кога аерозагадувањето е големо.

Извор: Слободен печат

 

Tags: загаден воздухПМ 10 честичкиСкопје
Next Post

Превентивна акција на МВР пред новогодишните празници на повеќе локации во Скопје

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

Русија тврди дека има нова нуклеарна крстосувачка ракета со неограничен дострел и може да избегне каков било одбранбен систем

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Работничката партија на Курдистан објави дека се повлекува од Турција како дел од процесот на разоружување

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk